Аеродром есенски се расчисти

Комуналните служби на Општина Аеродром континуирано и тековно работат на расчистување на улиците од отпад, на кастрење на гранките на дрвјата и миење на улиците на повеќе локации низ Општината.

Деновите со есенско чистење беа опфатени улицата „Ѓорги Капчев“, сервисните улици во Стар Аеродром, Реонски центар и Мичурин. Оваа динамика ќе продолжи и понатаму, а на располагање е целата механизација за чистење.

Велат дека нивна одговорност е да се грижат за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесат за почиста животна средина.