Во Бигорски се очекува масовно присуство на верници на денот на патронот


Познатото македонско древно светилиште Бигорскиот манастир се подготвува за одбележување на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител господов Јован. По тој повод бигорската обител упати покана за достојно и со почит одбележување на  патронот. -Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци […]

Објавени резултатите за прием на студенти во студентските домови


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје. Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок […]

Биљали, Узунов, Спасов… веќе не се советници на премиерот  


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана е единственото ново „име“ во последниот список на надворешни соработници во кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев. Во овој список, што на барање на „Независен весник“ ни го достави прес-центарот на владата, недостигат неколку  познати имиња што беа ангажирани до неодамна како советници во […]

МЗ: МРП вакцина досега примиле 37.189 деца на возраст до 14 години


Министерството за здравство соопшти дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) до вчера во државава вакцинирани се 37.189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина. Од нив, како што се посочува, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, […]

Швајцарската амбасада доби високо општинско признание по повод „7 Септември“ – Денот на ослободувањето на Кочани


Амбасадата на Швајцарија го доби највисокото општинско признание за значајни остварувања во 2019 година по повод „7 Септември“ – Денот на ослободувањето на Кочани. Признанието беше доделено на свечена седница на Советот на општината како благодарност за донацијата од 21 милион швајцарски франци за изградбата и опремувањето на регионалната пречистителна станица за отпадни води. -Изградбата […]

Меѓузоната на граничните премини Богородица и Евзони полна со возила


Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона. Од дежурната гранична рекоа дека за излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради обавување на задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна поради која во моментот […]

Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје


При акциска контрола на полицијата, синоќа на подрачјето на Град Скопје за брзо возење санкционирани се 45 возачи на автомобили и 12 „моторџии“,  а на двајца им се одземени моторите за натамошна постапка. Како што соопшти МВР, вчера од 6 до 24 часот во акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на […]

Обичните обвинители ќе им ја довршуваат работата на специјалните


Специјалното јавно обвинителство и официјално заминува во историја. Основното обвинителство со кое што раководи Љубомир Јовески прифати да ги презеде предметите што СЈО ги работи во моментот. Постапките по нив, без оглед дали се во судски процес, предистрага или истрага, ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства. Сѐ уште е нејасно дали по нив ќе постапуваат […]

Дваесет и осум години независност во очекување за прием во НАТО и ЕУ


Северна Македонија утре одбележува 28 години од независноста откако по спроведениот референдум во 1991 година македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Одбележувањето ќе започне денеска попладне кога од касарната „Илинден“ ќе бидат испалени 10 плотуни од страна на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата. Под мотото „Боите на независноста“ утре кај Школка во […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8-ми Септември – Денот на независноста, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно, соопштија од МО, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден […]

Нема суштествен заклучок за законот за ЈО, работните групи ќе разговораат од вторник


На денешната средба немаше нешто со што суштествено се расчисти или се донесе некој посебен заклучок, така што носењето на законот е се уште неизвесно зашто не можеа да се затворат ниту прашања за  трансферот на луѓе кои би останале од СЈО, вработените, јавните обвинители, изјави министерката за правда Рената Дескоска по завршувањето на новата средба […]

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува нападот на доктор во Тетовската болница


Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово. Во претпладневните часови денеска родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија. – Со оглед дека ова е само последен ваков инцидент во македонското здравство, Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да […]

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“


Државниот обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“, вели дека сѐ уште е рано да се разговара кој од обвинителите ќе ги преземе предметите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали е можно по нив да продолжат да постапуваат специјалните обвинители. „Тоа се технички прашања. Важно е и да се види дали партиите ќе успеат […]

Се поголем интересот за органски производи, промоцијата слаба


Временските непогоди, се уште неорганизираниот и незагарантиран пласман, како и слабата промоција, се клучните предизвици со кои во моментов се соочуваат домашните производители на органска храна. Како што рекоа денеска на Фестивалот за органска храна во Скопје, задоволни се од субвенциите, иако сметаат дека државата може да одвои малку повеќе поддршка. Според производителите, од органското […]

Џафери: По поминатите предизвици, имаме визија каде сакаме да ја видиме земјата


Во овие 28 години самостојност, сите кои беа дел од донесувањето, спроведувањето и живеењето со донесените одлуки од овој или оној политички чинител, работеа многу на внатрешен, меѓутоа и на надворешен план за денес Република Северна Македонија да биде држава на рамноправни граѓани, држава во која се почитуваат како индивидуалните, така и колективните човекови права, […]

Јовески ги прифати предметите на Јанева


Јавното обвинителство пред малку одлучи да ги прифати предметите од СЈО. Со тоа, Специјалното јавно обвинителство заминува во историја по четиригодишно постоење. Одлуката следуваше по барањето на Катица Јанева испратено од затворот во „Шутка“ каде што е во притвор поради случајот „Рекет“. Обвинителството со кое што раководи Љубомир Јовески ќе одлучи кој че работи по […]

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди


Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче. – За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба. Ќе го задржат на опсервација на Клиниката за неврохирургија, изјави Филипе по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во […]

Заев и Мицкоски на средба во Собрание во вторник


Планирана е средба меѓу премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во почетокот на следната седмица, пред истекот на рокот во кој треба да стапи на сила новиот закон за јавно обвинителство. Извори од опозицискиот табор велат дека средбата би се реализирала во вторник, веднаш по Денот на независноста. Со оглед на тоа што […]

Мицкоски пак го избегна Пендаровски, ама и Заев


Иако поминаа четири месеци од смената на кормилото на државата и завршувањето на ерата на кохабитација, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски избегнува да „кохабитира“ со новиот претседател Стево Пендаровски. Откако не се одѕва на неколку покани за средба во резиденцијата на Водно, Мицкоски реши да ја игнорира и конститутивната седница на Советот за безбедност под претседателство […]

Училиштето „Цветан Димов“ доби енергетски ефикасна фасада


  Средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ од денеска има нова, енергетски ефикасна фасада со променет, модерен изглед во специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација. Училиштето […]