По празничниот викенд се очекуваат гужви по патиштата, полицијата ќе го регулира сообраќајот низ гостиварско


Граѓаните кои по празничниот викенд ќе се враќаат од туристичките центри треба да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, апелираат од СВР Тетово. На западната магистрала се очекува да има и регулација на сообраќајот со сообраќајни полицајци на повеќе точки. Според согледувањата на наплатнaтa станица Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, овие два […]

Нема подолги задржувања на ГП Табановце


Нема подолги задржувања за влез и излез од државава на граничниот премин Табановце. – За излез од државава нема задржувања, а за влез се чека од десет до петнаесет минути, соопштија од ГП Табановце. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.

Од вторник зголемување на температурите


Сончево време со постепен пораст на температурата, најавува УХМР од вторник. По утрешниот ден со максимални 34 степени, следува зголемување на температурата до 39 степени, особено кон крајот на неделата. УВ индексот повторно ќе биде 9. Повисоки температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува. Особено топло ќе […]

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се […]

Граѓаните дополнително се осигуруваат за да ги користат услугите во приватните болници


Сè повеќе граѓани во земјава се одлучуваат за полиси за здравствено осигурување што им овозможуваат да ги користат услугите во приватните здравствени установи. За 950 денари месечна уплата на располагање на осигуреникот му се амбулантни, специјалистички прегледи и операции во сите приватни здравствени установи. Имателот на полисата за доброволно здравствено осигурување годишно има 10 илјади […]

На ГП Богородица и Дојран за излез од државава се чека до 45 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државава е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од Републикава, соопшти утрово АМСМ. Иако сообраќајот на […]

Сончево со локална облачност, температурата до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде меѓу 12 и 22, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје слично време со температура до […]

До 40 минути чекање на граничните премини


По 30 до 40 минути се чека на граничните премини за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ. Иако собраќајот се одвива по суви коловози, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ […]

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да истражи вмешаност на функционери на СДСМ во „Рекет“


Веќе е очигледно дека невладината организација на Бојан Јовановски Боки 13 била замешана во сомнителни трансакции со индиции за криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Госпоѓата на која битолски градежен бизнисмен и дал 720 илјади евра за идеа за изградба на станови тврди дека сите пари и ги зеле од Меѓународниот сојуз на Боки, […]

Попладнево услови за дожд, наместа краткотрајно невреме и силен ветер


Променливо облачно со појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните и источните делови, ќе биде попладне, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура е во интервал од 29 до 38 степени. УВ-индексот  8. Во Скопје слично […]

ВМРО-ДПМНЕ: Власта се повеќе не оддалечува од ЕУ


Единствениот крик којшто вчера го испушти Македонија на најголемиот македонски празник Илинден, беше крикот за ослободување од канџите на криминалната власт на која што ништо не и е свето, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ,,Методите кои што Зоран Заев ги користи преку инструментите на власта врз целокупната држава и народ се доказ дека во […]

Се чека најмалку еден час за влез во Грција


Граничната полициска и царинската служба на граничниот премин „Богородица“ брзо ги извршува своите обврски и не дозволуваат подолго задржување на излез од земјава, изјавија за МИА од дежурната служба на ГП „Богородица“. Колоните возила за разлика од вчера, денека беа подолги, меѓутоа на нашата страна од границата во функција се ставени пет ленти и преминувањето […]

СДСМ: Трошоците се намалуваат, помали сметки за парно за околу 200 денари


Владата предводена од СДСМ, воведувајќи реални реформи од кои граѓаните имаат директни  придобивки ја потврдува вистинската грижа за граѓаните и животната средина. Откако беше донесена  одлука за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се овозможи и намалување на вкупните трошоци на потрошувачите на парно за 6 отсто во состемот на […]

Илинден 2019: Пораки за помирување и повик за избори


Пораки за помирување и единственост пред крупните и стратешки цели – членството во НАТО и ЕУ, беа клучни поенти во вчерашните обраќања на државниот врв, на трите места на кои се одбележува Денот на Републиката – 2 Август Илинден. На чествувањето во Скопје, кое првпат се одржа пред претседателската вила на Водно, претседателот Стево Пендаровски […]

(Видео) Спасовски: Граѓаните и полицијата достоинствено го чествуваа Илинден


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со видепорака го честиташе Илинден и неговото достоинствено чествување, за што им заблагодари на сите граѓани-учесници во празнувањето, како и на припадниците на македонската полиција кои, како што вели, се грижеа сите настани  да поминат во најдобар ред. – Денеска граѓаните на Македонија покажаа дека знаеме да прославуваме, обединето, честито  […]

Мицкоски: Илинден е влегување во финишот на една вековна борба за слобода


Илинден не е почетокот, туку влегувањето во финишот на една вековна борба за слобода, каде многу генерации херои и хероини ги положија своите животи. Илинден не е само Крушевското востание, туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот, на секоја педа македонска почва, истакна денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по полагањето цвеќе […]

Заев: Мечкин Камен да биде камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање


Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Зоран Заев на Мечкин Камен во Крушево


ВО ЖИВО – директен пренос од обраќањето на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на Мечкин Камен во Крушево, по повод националниот празник 2 Август – Илинден. Претходно премиерот Заев се поклони на гробот на Никола Карев. „Чествувањето на Денот на Републиката го започнавме со поклонување на гробот на Никола Карев во крушевскиот Македониум. […]

Пендаровски: Нема друга алтернатива освен граѓанско помирување


Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи. За време на Втората светска војна, граѓаните на Македонија имаа храброст да се соочат со најголемото зло на 20 век – фашизмот и нацизмот и да ја ослободат својата татковина. Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување. Патот до […]

Еден час се чека на „Евзони“, на „Богородица“ десетина минути


Еден час на „Евзони“ и десетина минути на „Богородица“, толку се чека на граничните премини, а интензитетот на сообраќајот е зголемен поради празничниот викенд. Како што велат од дежурната служба на граничниот премин „Богородица“, туристите од земјава и странство кои патуваат кон летувалиштата на Егејско море чекаат само десетина минути додека се извршат задолжителните царински […]