Мицкоски ќе оди кај Пендаровски: Неуспехот во Брисел е поради Заев


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски констатираше дека неуспехот во Брисел да добиеме датум за преговори со Европската унија е исклучиво поради погрешните политики на премиерот Зоран Заев, односно на корупцијата, нефункционирањето на правната држава и криминалот.

Тој рече дека македонскиот народ не смее да се разочарува, затоа што ќе дојде нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ што ќе ја исполни целта.

Околу шпекулациите дека Заев ќе си поднесе оставка, Мицкоски констатираше оти премиерот требало многу поодамна да си замине.

Мицкоски уште еднаш побара итни парламентарни избори и лидерска средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски.