Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 246.000 евра, најмногу продадени станови има во Аеродром


Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување […]

Собранието под блокада: ССМ бара пратениците да изгласаат повисока минимална плата и пониски функционерски плати


Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието.  Од ССМ велат дека со блокадата ќе […]

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“


 Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје. – И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна […]

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, […]

Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка – Деве Баир


 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради […]

Отворена јавна расправа по предложената концепција за гимназиско образование


 Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки. МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна анализа и вградување на забелешките, сугестиите и предлозите добиени за […]

„Тивка војна“ меѓу Битолскиот суд и Обвинителството за случајот со бизнисменот Марковски


  БИТОЛА – Се води ли „тивка војна“ меѓу битолскиот основен суд и обвинителството за ослободувањето од притвор на бизнисменот Борче Марковски, случај поврзан со РЕК „Битола“. Бизнисменот Марковски веќе трета недела е пуштен од притвор. Гаранцијата од речиси 5 милиони евра што ја даде во недвижен имот го ослободи од ефективен притвор, но сега […]

 Општина Кисела Вода нуди постојано собирање кабаст отпад – ќе ве чини 1.500 денари


  Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните […]

МО: Шугата кај професионалните војници не потекнува од касарната во Велес


Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во […]

Без една урната дивоградба владина мега-делегација ќе го уверува УНЕСКО дека презела мерки за Охрид


  Од Владата утрово соопштија дека дури четворица министри и двајца градоначалници отпатувале во УНЕСКО во Париз за да спречат да се прогласи Охридскиот Регион за загрозено културно наследство, иако во земјата не прават ништо да го оправдаат ваквиот енормен трошок на  сметка на државата. Уште повеќе, со оглед на тоа хотелот „Горица“ сѐ уште […]

УПОЗ извојува победа, бараа 30 отсто за 3.000 работници, а добија 40 проценти за 11.000, оценува Трендафилов


Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, запрашан денеслка за оцена на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Тизјави дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година УПОЗ барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3.000 работници, а сега добива 40 проценти за 11.000 работници. „Владата, веднаш […]

Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет


Меѓународниот балкански универзитет го именуваше доц. проф. д-р Билал Суџубаши за нов претседател на Управниот одбор, со што започнува нова фаза во развојот на институцијата, насочена кон унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на меѓународната соработка. Одлуката беше донесена на годишниот состанок на Одборот на доверители на Фондацијата „ÜSKÜP“ и Управниот одбор, кој се […]

За една седмица констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“


Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, од вкупниот број регистрирани прекршоци […]

Сојузот на синдикати утре ќе го блокира пристапот до Собранието


Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 9 част ќе ја започне блокадата на Собранието, со што ја почнува серијата од блокади на институциите чија цел е зголемување на минимална плата на 600 евра и на останатите плати за 100 евра. Од ССМ најавија дека ќе бидат блокирани улиците 11-ти Октомври и Даме Груев, како […]

Томовски: Наскоро ќе се знае чии се земјиштето и објектите останати по заминувањето на ЈНА


Директорот на Службата за општи и заеднички рабoти Ивица Томовски денеска на брифинг со новинарите изјави дека откако ја презел институцијата отпочнале постапка за легализација на имотот кој е во сопственост на државата. Станува збор за претседателските и премиерските вили во Скопје и во Охрид – државни објекти што ги одржува СОЗР. – Можам да […]

Промените во лекувањето на пациентите не биле соодветно бележени – вели вештак од Словенија


Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.  Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила […]

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“


Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, ќе се одржу утре на Филозофскиот факултет во Скопје. – И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има цел да отвори јавна, аргументирана и научна […]

Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на […]

Нова рунда напади на ВМРО-ДПМНЕ врз обвинителката Ленче Ристоска


  Користејќи ги изјавите на поранешната обвинителка од згаснатото СЈО, Лејла Кадриу, ВМРО-ДПМНЕ отвори нова рунда напади врз обвинителката Ленче Ристоска, која е кандидат за државен јавен обвинител. „Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, […]

Четворица министри и двајца градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО во Париз да не го смени статусот на Охрид


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојуваат во дводневна работна посета на Париз.  Во рамки на посетата, делегацијата […]