САС на МПЦ-ОА: Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството


Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот. Во вонредните услови на пандемија, кога грижата за […]

(ВИДЕО) Пендаровски: Ограничувањата кај нас се меѓу најригидните


Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност изјави дека сите расположливи ресурси на државата се насочени кон справување со корона вирусот. Според него, има позитивен развој на ситуацијата во Дебар и во Центар Жупа, но се влошува во Куманово,а стагнира во Прилеп. Со оглед на оваа ситуација и со оглед на правните дилеми […]

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирус


Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ. Посочи дека докторките од 30 март се во домашна […]

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација,


Министерот за здравство Венко Филипче штотуку објави на својот Фејсбук профил дека ќе биде во домашна изолација, откако кај кумановскиот градоначалник со кого имаше контакт вчера е потврдено присуството на коронавирусот. – По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е […]

Владата заседава онлајн


Откако се дозна дека градоначалникот на Куманово е позитивен на корона вирусот, а имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, Владата денес реши седницата да ја одржи онлајн – преку видео конференција. Ова ќе биде првпат Владата да заседава на ваков начин, веројатно за да ги испочитува сопствените препораки […]

Османи: Ќе се изолирам до вторник


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на корона вирусот. – По позитивната потврда за Ковид-19 на градоначалникот на […]

Шекеринска најави присуство на АРМ во повеќе градови


Министерката за одбрана и заменичка претседателка на Владата Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана. – Можам да најавам дека […]

Советот за безбедност без Спасовски, Филипче и Османи


Иако требаше да почне во 12 часот, доцнеше состанокот на Советот за безбедност кај претседателот, бидејќи се чекше дали на него ќе дојдат премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче. Според последната вест, тројцата откажале присуство. Тројцата функционери ги затече веста дека и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има корона вирус, а […]

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19


Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло. –  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани […]

Охрид без туристи за велигденските празници, православните верници Воскресението христово ќе го слават дома


Првпат во поновата историја Охрид, центарот на православието во овој дел од Европа, овие велигденски празници ќе ги дочека без верници во храмовите. Продолжениот полициски час воведен како мерка за справување со епидемијата на коронавирусот значи дека нема да има никакви верски собири по црквите, односно дека верниците ќе мора празниците да ги минат во […]

ЈСП: Јавниот превоз утре од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред


ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред. Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 […]

До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Северна Македонија


Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е […]

МЗ: Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со КОВИД-19


Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот САРС-КОВ-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на Ковид-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход. […]

Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги соопшти насоките за земјоделците во услови на ковид-19. Проследете ја во живо:

ДС бара да се свика итна седница на Парламентот


Демократскиот сојуз предлага Претседателот на државата, Владата и најмалку 20 пратеници, да побараат да се свика итна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе се расправа за вонредната состојба причините и ефектите од воведување на истата, потребата од продолжување, како и за мерките кои се преземаат за спречување на коронавирусот Ковид-19, поставеноста […]

До кога ќе се продолжува вонредната состојба?


Во пресрет на седницата на Советот за безбедност, на која треба да се расправа за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена, нема никакви сiгнали дека на главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и пречат зголемените ингеренциии на Владата, туку напротив, на некој начин и тие профитираат, па си молчат. Но, затоа од интелектуалци, невладини организации […]

Советот за безбедност ќе одлучува за продолжување на вонредната состојба


Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19. Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа […]

Цветкоски: Да побараме дома семејна хармонија за Велигден


Главните подготовки за Велигден се дома, но не пречи самиот празник да биде во домашни услови, смета етнологот Александар Цветкоски од приелпскиот „Завод и музеј“, нагласувајќи дека обичаите и традициите се жилави и опстојуваме низ вековите. Цветкоски смета дека ништо не пречи обичаите да се одвиваат во домашни услови. Секако подготовките се дома, а за […]