Македонските неделници во Австралија во врвот на етничките магазини


Австралиската агенција „Леба“ која се занимава со истражување и промоција на етничките медиуми во мултикултурното австралиско општество за прв пат стави на трето и четврто место два македонски неделници. Овие неделници се занимаваат со животот на нашите иселеници во Австралија и со настаните во Македонија. Македонските неделници веќе 30 години се вбројуваа меѓу првите десет на листата.

Мултикултурниот медиумски пејсаж во Австралија е голем и динамичен. Според податоците, има околу 200 печатени медиуми кои покриваат 47 етнички заедници. Агенцијата „Леба“ наведува дека годишно се печатат 2,8 милиони примероци на мултикултурни публикации. Овие публикации можат во најголем дел да се најдат и на дигиталните платформи, како што е „Australian Macedonian Today“. А има и 100 радио станици кои емитуваат мултикултурни програми (вкупно 13.000 часови неделно).