Јавна консултација за инклузивно образование


Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието почнуваат процес на јавна консултација за изработка на Концепција за инклузивно образование. Целта е, како што објави МОН, квалитетна подготовка на овој стратешки документ кој треба да обезбеди дополнителен придонес кон развојот на националниот образовен систем. 
На својата веб-страница (www.mon.gov.mk) МОН го објави линкот до нацрт-верзијата на Концепцијата за инклузивно образование, чие креирање е дефинирано во новиот Закон за основно образование од 2018 година.