Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати


Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани нови 25 случаи на КОВИД-19, а три лица починале, двајца на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47), како и еден во ГОБ „8 септември“, пациент од Тетово (41). Пациентите што починале на Инфективната клиника […]

Османи: Разликите за изборите не се големи, очекувам да најдеме заеднички јазик


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ оцени дека разликите меѓу партиите за датумот за одржување на изборите не се големи и тој очекува да се најде заеднички јазик. Според него, ќе биде многу штетно за државата, среде пандемија и економска криза произлезена од неа, да се соочи и со политичка криза. […]

Мицкоски: Постои канал на комуникација за изборите


Изгледа дека сепак ќе биде можно политичките партии да постигнат консензус околу датумот на одржување на предвремените избори. Барем таков впечаток може да се добие од денешната прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој изјави дека „постои канал за комуникација околу преговорите кога да се оди на избори. „Јас денеска не би сакал […]

Филипче се сретна со семејството на донорката Динева


Утрово, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се сретна со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. „На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради […]

ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското Езеро


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со дивоградбите на крајбрежјето на Охридското езеро, ги повикува Владата во соработка со надлежните институции, Министерството за транспорт и врски, Државниот градежен инспекторат, Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за заштита на културно наследство, да постапат согласно регулативата и да ја применат преку […]

Угостителите ќе работат до 20 часот, најмногу четири лица на една маса


Во врска со протоколите за кои угостителските објекти се жалат дека ги немаат се уште добиено, а од утре некои од нив треба да почнат со работа, министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека владината одлука донесена вчера важи и се однесува само на оние што имаат тераси. Угостителите ќе можат да работат до […]

ЈСП се премисли – од петок денови со бесплатно возење за возрасни лица


Од петок (28.05.2020 год) продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела. ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19. Вчера, откако Владата го укина […]

Должниците на „Водовод и канализација“ – Скопје можат да ги платат долговите без камата, на рати


Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата […]

Антикорупциска од ДПИ ќе бара вонреден инспекциски надзор за постапката за избор на ректор на УКИМ


Антикорупциската комисија ќе упати барање до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) да изврши вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во однос на постапката за избор на ректор на УКИМ,  за избор на претседател на Сенатот и да преземе мерки согласно своите надлежности.  Антикорупциската постапи […]

Слободно движење – маски, миење раце и растојание задолжително


Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија. Оваа одлука, соопштија од Министерството за здравство, е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се […]

Проценка за нова вонредна состојба, очекувања за дијалог и исход за датум на избори


Владата до крајот на неделата, според најавите, треба да направи проценка дали е потребно прогласување нова вонредна состојба.Тековната вонредна состојба  што трае 14 дена завршува на 30. месецов, по што течат законските рокови за одржување на најавените предвремени парламентарни избори, што првично требаше да се одржат на 12 април.  По неуспешната последна лидерска средба на […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Градскиот сообраќај се враќа во нормала, за пензионерите се уште нема бесплатен превоз


Од утре, среда, јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување (од 5 до 24 часот, во зависност од линијата). Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk. Работно […]

Караџоски: Битката не е завршена, топлото време не го убива вирусот


Првиот човек на Институтот за јавно здравје, доктор Жарко Караџоски порача дека битката со епидемијата не е завршена и дека Бразил е пример, со стотиците илјади заболени, дека топлото време и сувиот воздух не го убиваат. Сумирајќи ја состојбата кај нас, тој соопшти дека последните 14 дена имаат од 10 до 40 регистрирани случаи, односно […]

Владата го укина полицискиот час


Според препораките на Комисијата за заразни болести Владата укина повеќе рестриктивни мерки. Од утре целосно престанува одлуката за посебен режим на движење на територијата на земјата, т.е. полицискиот час. Од четврток почнуваат со работа угостителските објекти, засега само на терасите, додека затворените делови од објектите ќе се регулираат во наредната фаза. Ќе престанат заклучоците на […]

Комисијата за заразни болести демантира дека донела одлука за целосно олабавување на мерките


Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство. Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз […]

Вработената во старечки дом во Скопје е негативна на Ковид 19


Министерството за здравство соопшти дека направен е технички превид, па во вчерашниот извештај една вработена во геронтолошки центар во Скопје беше регистрирана како позитивна на Ковид 19, што се покажало дека не е точно. Така, во старчките домови во Македонија, скринигот се уште не покажал позитивни лица на корона вирус. За сега остануваат двајцата позитивни […]

Нови 16 случаи, починаа тројца пациенти


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти. – Скопје 3 – Тетово 11 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 […]

Се разговара со соседните земји и ЕУ за отварање на границите


Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека во наредниот период треба да се очекува одлука за отворање на границите. За ова прашање, како што соопшти денеска по посетата на Штип, се разговара со соседните земји и со земјите од ЕУ. -Се разговара и со соседните земји, како и со земјите од ЕУ за отворање на границите. […]