Скопје со најмногу активни случаи на Ковид-19, најголем дел се во Чаир и Сарај


Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес. Од […]

МЗ: Со криење на податоците не се решава епидемијата


Министерството за здравство денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза, потенцираат од Министерството, повикувајќи ги граѓаните да се воздржат од групирање и да ја одржуваат потребната дистанца. -Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често […]

Третина од заболените без никакви симптоми


Третина од 89-те новозаболени од КОВИД -19 кои беа евидентирани вчера се на возраст меѓу 30 и 39 години. Повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на заболени во земјава, најголем процент се над 60 години, а највисока инциденца е регистрирана кај оние на возраст од 50 […]

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите


Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата. ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени […]

Приемен испит за новата Математичко-информатичка гимназија


Приемен испит за ученици кои се заинтересирани да се запишат во новото училиште – Математичко-информатичка гимназија ќе се организира денеска и во четврток, со писмено проверување на нивното знаење по предметите математика (2 јуни) и физика (4 јуни). Испитите ќе траат по 120 минути и ќе се одржат во просториите на средното училиште „Здравко Цветковски“ […]

Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14 степени, а дневната температура од 13 до 24 степени. УВ-7. […]

И Фатмир Битиќи во самоизолација, имал средба со Лукаревска


И советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денес е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19. Битиќи веста исто така ја соопшти преку неговиот Фејсбук профил. „После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, […]

Д-р Жан Митрев: Мора да бидеме Швеѓани


Мора да сфатиме дека мора да бидеме Швеѓани – рече половина на шега д-р Жан Митрев гостувајќи во „Само вистина“ за да опише дека корона вирусот мора да не натера да ги смениме навиките. Тој вели дека ќе мора да се откажеме од секојдневни навики, такви според кои сме живееле стотици, илјадници години, со цел […]

Градоначалникот на Бутел во самоизолација


Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19. – После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно […]

Затворени пет конфекции во Штип, не сакаат карантин во градот


  Пет конфекции од каде потекнуваат најголем број од заразените со Ковид-19 се затворени, а вработените треба да останат во самоизолација одлучи денеска Општински штаб за заштита и спасување во проширен состав. На состанокот присуствувале претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, ТППЕ Штип, Дирекција за заштита и […]

За само еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед


Вкупно 696 барања до сега се поднесени од страна на граѓаните за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет, откако вчера Град Скопје ги објави јавните повици. Градот Скопје нагласи дека новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од […]

Премиерот Спасовски негативен на корона вирус, останува во домашна изолација


Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека тестот за корона вирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите. -Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од […]

Филипче: Да научиме да живееме со вирусот, има планови до 2025 година


Задолжителното носење заштитни маски е добра одлука, заради постоењето голем број асимптоматски носители на коронавирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. – Огромен е делот на асимптоматски носители, точниот процент би бил шпекулација и тоа го видовме и од овие изминати неколку денови кога ги тестираме и анализираме контактите на претходно дијагностицираните. […]

За Задушница може да има поригорозни мерки, ако луѓето не ги почитуваат мерките


Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, некаде ноќе, а некаде преку ден. Се собираат многу луѓе на едно место, а се дели храна, се даваат земјени чашки со цреши. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека го имаат предвид празникот, па „ќе носиме одлука деновиве. Имаме време до викендот, ќе […]

Бојан Јовановски: Зборувам како Тито!


Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во завршен збор за случајот „Рекет“. На почетокот, Јовановски се пожали што во судница не е присутна јавната обвинителка Вилма Русковска, за […]

Филипче: Не е време за отворање на границите


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со оглед на тоа дека се зголемува бројот на новозаболени, Македонија не треба да ги отвори своите граници за соседите и за странци од други земји се уште. Тој вели дека е свесен оти Србија ги отвора границите, исто и Бугарија, но дека постои ризик луѓето што од […]

Мицкоски: Во комуникација сум со Владата и кабинетот на Пендаровски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на својот Фејсбук профил напиша дека е во комуникација со претставници на Владата и кабинетот на Претседателот, поради зголемениот број новодијагностицирани со Ковид-19. „Денеска сум во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на […]

ДИК: Не сме почнале подготовки за предвремените избори, ја почитуваме владината уредба


Државната изборна комисија (ДИК) денеска во целост ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Комисијата ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори. Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање. – Воедно Ве информираме дека ДИК, во целост […]

Се разговара за воведување рестриктивни мерки во Сарај, Чаир, Гази Баба, Студеничани, Штип


Утрово се разговарало и за носење порестриктивни мерки, но заеднички став е да се почека уште неколку дена, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Под рестриктивни мерки се смета ограничување на движењето на граѓаните локално каде има повеќе случаи, а исто така и воведување полициски час, исто така локално во општините каде […]

Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството


Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во објава на неговиот профил на Фејсбук вели дека за целото времетраење на полицискиот час, ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од мерките за забрана за движење. – Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конференција дека сум се заразил на ифтар кај брат […]