Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев


  Напаѓачот на скопската градоначалничка е во затворски притвор, за уште еден има мерки на претпазливост, МВР ѝ определи 24-часовно обезбедување на Данела Арсовска, а зградата којашто е дивоградба и каде што се случи инцидентот продолжува да се гради. Тоа го тврди лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Знаете што е најјако плукање у фаца на …

Данела беше тепана, зградата продолжува да се гради, вели Апасиев Read More »

Народен правобранител Насер Зибери се пензионира


Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. -Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Заибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став …

Народен правобранител Насер Зибери се пензионира Read More »

ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни


 Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини. -Вашето внимание може да спаси живот. Препораки за сопственици на миленици: Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на …

ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни Read More »

Разрешениот судија Лазар Нанев се врати како инспектор во МВР


  Поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, кој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење, повторно е ангажиран како инспектор во полицијата во Кавадарци, објави телевизија Телма. Нанев е вратен во Министерството за внатрешни работи (МВР) врз основа на решение донесено уште во 2002 година од тогашниот министер Љубе …

Разрешениот судија Лазар Нанев се врати како инспектор во МВР Read More »

Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини


Поради уличен дефект Ф-300мм на ул.Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, од синоќа од полноќ прекинато е водоснабдувањето за корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица. Како што соопшти РЦУКК Скопје по известување на ЈП Водовод и Канализација, на санирањето на дефектот ќе се работи од 09:00 часот утрово, а …

Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини Read More »

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината


Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Телеметриската сеизмолошка мрежа …

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје и околината Read More »

Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град.  Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 …

Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 јули 2025 година, 198-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 167 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути. Денов трае 14 часа и 52 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Квалитетот на водата на езерото Младост полош од лани, итно да реализираат одамна донесени мерки за спас на езерото


Комисијата за следење на водата во велешко езеро Младост на денешната седница ги повтори веќе изгласаните мерки за спас на велешко езеро Младост, кое според препораките на Центарот за јавно здравје донесени на почетокот на месецов е забрането за секаков вид употреба – за наводнување, капење и рекреација. Димитар Абрашев член на оваа Комисија изјави …

Квалитетот на водата на езерото Младост полош од лани, итно да реализираат одамна донесени мерки за спас на езерото Read More »

Превентивно затворена кујната во Дом за стари лица во Берово – се чекаат резултати по појава на стомачни тегоби


По појавата на стомачни тегоби во Домот за стари лица во Берово кај дел од корисниците и вработените, преземени се сите потребни мерки од надлежните институции. Кујната, како што информираа од Старскиот дом во Берово, е затворена превентивно, додека не се добијат резултатите од лабораториските анализи. -Точно е дека одредени корисници имаа лесни тегоби на …

Превентивно затворена кујната во Дом за стари лица во Берово – се чекаат резултати по појава на стомачни тегоби Read More »

Медицинско лице фатено како прима поткуп


Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури, соопшти попладнево Министерството. – Реакцијата на …

Медицинско лице фатено како прима поткуп Read More »

И оваа академска година студентите остануваат без два клучни дома за сместување


Иако Министерството за образование и наука минатата година најави дека „студентите следната академска година би требало да влезат во реновираните домови во Скопје“, конкурсот за сместување за 2025/2026 година покажува нешто сосема друго: студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” повторно го нема на листата, објави денес Студентарија. Од Студентарија истакнуваат дека и по повеќе од две …

И оваа академска година студентите остануваат без два клучни дома за сместување Read More »

Коцевски за предметот за пожарот во Кочани: Најверојатно нема да се раздвои


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека врз неговата работа нема политичко влијание, оценувајќи го извештајот на Европската комисија за правосудството како реален и објективен. Тој посочи на напредок во транспарентноста и борбата против високата корупција, но и на сериозни предизвици како недоволниот буџет и недостигот од кадар во Обвинителството. Информираше и за тековните постапки …

Коцевски за предметот за пожарот во Кочани: Најверојатно нема да се раздвои Read More »

Унапредени двајца обвинители од скопското Обвинителство кои судеа во медиумско експонирани случаи


Обвинителите Дарко Јакимовски и Владимир Милошески денеска добија унапредување на своите позиции. Двајцата обвинители на Основното јавно обвинителство Скопје на денешната 27. седница на Советот на јавните обвинители едногласно беа избрани за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Ова, меѓу другото, значи дека Јакимовски и Милошоски во иднина нема да постапуваат по предмет пред …

Унапредени двајца обвинители од скопското Обвинителство кои судеа во медиумско експонирани случаи Read More »

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда


Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, извршија увид во изградбата на новата противпожарна зграда чија втора фаза стартуваше денеска. Објектот во завршната фаза ќе биде опремен со грант на американското Министерство за одбрана кои веќе објави тендер во функција за реализација на новата противпожарна зграда во Битола, информираа од тамошната …

Битола ја изгради, САД ќе ја опреми новата противпожарна зграда Read More »

Меџити: Во Македонија има 200.000 дивоградби, а од албанските предничи Гостивар


Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар, изјави вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. На прес – конференција, вицепремиерот Меџити повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно. -Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во …

Меџити: Во Македонија има 200.000 дивоградби, а од албанските предничи Гостивар Read More »

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра


  Долго најавуваната мерка од новата власт – студентите да добијат ваучер од 250 евра, за да купат таблет или лаптоп – ќе стане  реалност, а тоа ќе нѐ чини речиси 14.000.000 евра. Овие пари од Буџетот ќе бидат распределени на околу 55.000 студенти. Но што ќе донесе ваквата инвестиција, никој не знае.  Денеска, пратеникот …

Дури 55.000 студенти ќе добијат ваучер за таблет или лаптоп – тоа чини 14 милиони евра Read More »

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат


Во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, …

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат Read More »

Тошковски: Арсовска прифати 24 часовна заштита, но не потпишува изјава за инцидентите


 Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска има 24 – часовно обезбедување кое се грижи за нејзината сигурност. МВР, по препорака добиена од Агенцијата за национална безбедност и додели обезбедување и покрај тоа што таа не го побара, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според Тошковски, добро е што Арсовска барем тоа го прифатила и …

Тошковски: Арсовска прифати 24 часовна заштита, но не потпишува изјава за инцидентите Read More »

МЗ ќе вложи 205 милиони евра за унапредување на здравствената инфраструктура


 Министерството за здравство почна со спроведување на Националната програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем. Таа е прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирањена стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствени и безбедносни институции, …

МЗ ќе вложи 205 милиони евра за унапредување на здравствената инфраструктура Read More »