Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на филмот „Тетовирање“ во Драчево


Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов. Проекцијата ќе се одржи во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19 часот. Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. – Овој настан […]

Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања


Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на […]

Сончево време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен […]

Читаат, но не разбираат – пад на знаењето кај учениците


Сè поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат прблем да влезат во дискутисија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1.288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 […]

Десет врвни лекари добија Повелба за придонес во развојот на медицинската наука


Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита. Годинава добитници се проф. д-р Гордана Ристовска, […]

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите


Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската […]

Повеќе од 40 семејства во Чаир на Гази Баба, во 21 век конечно, добија приклучок на водоводна мрежа


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа. Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона. „Ја поврзуваме оваа зона со водоводната […]

Жичницата на Водно нема да биде во функција поради временски услови


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. Од таму посочија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. „Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се […]

Ивана бара помош да влезе во станот – операторот ја упатува на куќен совет – аудиоснимки против Стојанче Јовановски


Аудиоснимки од три пријави во полиција, направени на 2 март 2026 година, кои директно му претходеле на трагичниот настан, во кој Ивана Јовановска го загуби животот заедно со шестгодишната ќерка Катја, денеска беа презентирани како клучни материјални докази пред Основниот кривичен суд Скопје на судењето против сопругот Стојанче Јовановски. На снимките од кобниот ден јасно […]

Албанците масовно во Струга по горива – метеж на „Ќафасан“


Ниските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во Македонија предизвикаа вистински метеж на граничниот премин Ќафасан. Најголем дел од патниците доаѓаат од пограничните места во соседна Албанија на еднодневни посети во Струга, со цел да ги наполнат резервоарите и да набават основни намирници. Според официјалните податоци од СВР Охрид, само на почетокот на овој […]

Институционална подготвеност и широк општествен пристап – клуч за справување со странско мешање со информации


Странското манипулирање и мешање со информации претставува сериозна и растечка закана за демократските процеси, која бара јасна институционална подготвеност, координација и пристап што ја вклучува целата заедница. Ова беше заклучокот од тркалезната маса во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС), на која домашни и меѓународни експерти упатија пораки дека борбата против СММИ не е […]

Официјално почнува проектот за обновување на популацијата на белоглавиот мршојадец


Вчерашната средба со претставници на релевантни институции во Демиркапискиот Регион го одбележа почетокот на меѓународниот проект „Целосно обновување на популацијата на белоглавиот мршојадец на Балканскиот Полуостров и создавање одржливи капацитети за негова долгорочна заштита низ целиот регион“ (LIFE24-NAT-NL-LIFE Balkan GriffON/101215506).    „Оваа приказна не почнува сега, туку се темели на долгогодишните напори за мониторинг и […]

Целосна рашомонијада околу „самоунапредувањето“ на екс-директорката на Завод и Музеј Битола


  БИТОЛА – И покрај изречените опомени и казни од Министерство за култура, екс-директорката на Завод и Музеј Битола Мери Стојанова продолжува да прима повисока плата како кустос – советник, додека ОЈО Битола истражува дали е направено несовесно работење во службата. Веќе две години заглавени во институционален лавиринт нема напредок околу случајот со самоунапредувањето на […]

По 13 години, стотина вработени во „Комуналец“ Гостивар добиваат здравствено осигурување


Со денови се Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска соопштија дека е најдено решение за неплатеното здравствено осигурување на вработените во јавното претпријатие Комуналец-Гостивар. „Денес сме овде да соопштиме за корекција на една долгогодишна системска неправда од здравствениот систем – 109 вработени во ЈКП Комуналец […]

УХМР: Следува период на променливо облачно и стабилно време


Следува период на променливо облачно и претежно стабилно време. Денес и утре ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Од утре до недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе […]

Универзална почнува да се гради, соопшти Министерството за култура


По долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, соопшти Министерството за култура. Министерството за култура и туризам, информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија […]

МОН за прв пат обезбедува учебник по „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение


Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното […]

Колективниот договор на Министерството за култура на седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска ја одржува 9. седница на која ќе расправа по вкупно шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, две барања за заштита на слободите и правата, како и еден предмет по кој ќе се гласа. Како што е најавено, судиите ќе дискутираат за повеќе закони, подзаконски акти и општински одлуки, кои, според […]

Ангелов во потрага по нови пилоти за „ер тракторите“, авионите се враќаат од сервис


Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за […]

Комуналците во март однеле 14.086 тони ѓубре, а градот изгледа вака


Во текот на март, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 14.086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри […]