Пендаровски до Бајден: Oчекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи


Претседателот Стево Пендаровски ја честиташе победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпреседателката Камала Харис. -Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата, напиша претседателот Пендаровски […]

Филипче: Асимптоматски 75 проценти од сите случаи со Ковид, носете маски


Министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел да се носат маски, со укажување дека 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 немаат симтоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа. -Дури 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да […]

Нови 1.285 инфицирани и 14 починати


Денешните податоци за бројот на инфекциите покажуваат дека случаите на Ковид-19 не се спуштаат – има нови 1.285 лица позитивни на вирусот. Починаа 14 лица. Направени се 3.404 тестирања. Бројот на инфицираните според градови: – Скопје 522 – Куманово 43 – Дебар 3 – Штип 46 – Прилеп 79 – Тетово 73 – Струга 25 […]

Привршува изградбата на паркот „Бојмија“ во Општина Аеродром


Привршува изградбата на  прекрасниот парк „Бојмија“ лоциран во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“. По повеќе од 30 години, аеродромци ќе уживаат во новиот современ урбан парк, кој се протега на површина од 5.500 метри квадратни, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, кој денеска изврши увид во градежните работи. Во паркот […]

Интерните клиники ставени во функција за лекување и на ковид пациенти 


Министерот за здравство Венко Филипче утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники, каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти. Како што соопшти Министерството за здравство, овој проект со кој се […]

Шилегов: Реконструкцијата на Универзална сала готова во 2021 година


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува следната концертна сезона Универзалната сала да биде готова за одржување на концерти. Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што […]

Инфективното одделение во прилепската болница е пред постојани предизвици


Прилепското инфективно одделение е полно со пациенти. Капацитетот од 30-тина легла е пополнет, ама битката за здравјето на пациентите не стивнува, вели раководителот на одделението, инфектологот Мирјана Крстеска. Крстеска признава дека во почетокот на пандемијата им недостигала организација, но сега, со помошта на специјалистите од другите одделенија во болницата, работата е поорганизирана. – Сите месеци […]

Сончево со мала до умерена облачност и слаб северен ветер, сообраќајот по суви коловози


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во претпладневните часови понекаде со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје и уколината утрово со појава на магла и ниска […]

Даниловски и Пановски за МИА: Ќе успее ли здравствениот систем да се справи со „цунамито“ КОВИД-19?


Околу 900 ковид-пациенти се хоспитализирани во болниците низ државата. Од 150 пациенти на Инфективна клиника Скопје, дури 130 се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ три лица се на респиратор. Ќе успее ли нашиот здравствен систем да се справи со овој налет на есенскиот бран? Дали нашата држава има доволно болнички и кадровски капацитет, опрема и материјали да го издржи „цунамито“ Ковид […]

Се бара решение за напливот на болни од КОВИД-19, апели да се почитуваат мерките за заштита


Состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат. Целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а во функција е ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети. Отсега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман […]

Ставија асфалт на „Васил Ѓоргов“, не поминаа ни два дена, пак ја прекопаа


Неколку дена по завршување на комплетната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во центарот на Скопје, повторно е раскопана, веројатно заради некоја подземна инсталација. Градоначалникот Петре Шилегов, неколкупати порано ветуваше дека кога некоја улица ќе биде реконструирана сите компании кои треба да постават подземни инсталации ќе бидат известени, за тоа да го направат пред асфалтирањето, а […]

За задушница зголемен број автобуси што одат до гробиштата „Бител“


Град Скопје информира дека и утре, како и денеска кон гробиштата „Бутел“ ќе сообраќаат повеќе автобуси, за да можат граѓаните да стигнат без метеж и безбедно. Имено, поради верскиот празник Задушница, и во сабота , на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара-Гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче-Гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен […]

Аеродром со повеќе од 1.000 заразени е на врвот од скопските општини


  Со денешните 569 новозаразени во Скопје, неколку општини имаат всок број активно заболени од Ковид-19, но Аеродром продолжува да биде скопска општина со најмногу болни. Имено, во Аеродром има 1.021 активен случај со Ковид-19. Следуваат Карпош со 892, па Центар со 848, а Гази Баба има 847. Кисела Вода и Ѓорче Петров имаат по […]

Повторно многу заразени – нови 1.128 случаи на КОВИД-19, починаа 12 лица, оздравеа 307


Во последните 24 часа се направени 3.082 тестирања, а регистрирани се 1.128 нови случаи на КОВИД -19. Од нив во Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8. Институтот […]

Вакцинацијата против сезонски грип почнува во вторник, најави Филипче


Сите вакцини против сезонски грип стигнаа и вакцинацијата ќе започне од вторник, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За време на викендот, посочи, ќе се направи дистрибуција, а веќе се подготвени пунктовите за вакцинација во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје.

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски


Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го […]

ДКСК: Има пропусти и слабости во законите што дозволуваат неказнето именување и разрешување в.д. директори


Државната комисија за спречување на корупцијата бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој на денешната 40-та […]

Царовска: Со планско градење и инвестиции обезбедуваме пристап до образование на секое дете


Методологијата за прераспределба на општинските буџети за основните училишта, изработена од Здружението на истражувачи и аналитичари – ЗМАИ, поддржано од Фондација Отворено општество, според МОН, ги дава најважните сегменти во кои треба да се насочат инвестициите за да се подобрат инфраструктурните услови во основното образование. На денешната презентација на истражувањето, министерката за образование и наука […]

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин поради пандемијата со корона-вирусот. Јас лично, рече Заев, сум против вакви мерки, но не е исклучено да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача. Со […]