Стразбур: Македонија да им исплати отштета на претепаните тинејџери Роми


Пред шест години полицијата во Скопје приведе, малтретираше и тепаше двајца тинејџери Роми за кои се сомневаше само врз основа на темниот тен на кожата дека ограбиле девојка, заради што Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди државата да им исплати отштета од по 7,5 илјади евра, соопшти Европскиот центар за права на Ромите. […]

Уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата


Уставни судии си изгласале додатоци на плата во висиона од 35 отсто, објави СДК,  но без одлуката да им биде одобрена законски од Собранието.Одлуката била донесена на 22 октомври и била вметната во Деловникот за работа. Како што објасниле од таму, сакале да имаат исти права како преостанатите судии и обвинители. За уставните судии не […]

Интервју со Бојан Маричиќ: Од успехот на судските реформи зависи и успехот на Владата


Нашата врвна цел е навремена правда за сите, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. За таа цел треба да се обезбеди и поголем број судии и обвинители кои би се добиле преку прилагодена програма за обука на искусните стручни соработници, која би траела една наместо две години   Љупчо Поповски Министерот за правда е свесен […]

Најстудено во Берово, минус пет степени


Најстудено угрово е во Берово каде што се измерени минус пет Целзиусови степени. Три степени под нулата е во Битола, минус два во Тетово, а минус еден во Скопје. Највисока утринска температура има во Дојран со шест и во Крушево пет степени. УХМР за денеска најавува сончево и тивко време. Претпладне по одделни котлини ќе […]

Министерката Шекеринска во увид на новопробиената северна траса до „Криволак“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети армискиот полигон „Криволак“ каде е завршено пробивањето на 33-километарската делница која овозможува приод до воениот полигон од северната страна од правецот на Штип. На пробивањето на делницата, како што информираат од Министерството за одбрана, работел Инженерискиот баталјон на Армијата. Изградбата на оваа делница е дел од […]

Состојбата со Ковид-19 критична, Филипче апелира да се почитуваат мерките


Состојбата со Ковид-19 е критична, а болнииците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Според вчерашниот медицински билтен, во болниците во земјава вкупно се хоспитализирани 973 заболени или сомнителни пациенти со Ковид-19. Поради се поголемиот број заразени на кои […]

Сончево и тивко со утринска магла по котлините


Времето денеска ќе биде сончево и тивко. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена. Во Скопје и околина во раните претпладневни часови ќе биде магливо, а потоа сончево и тивко. Максималната тепретаура ќе достигне до 15 степени. […]

Од корона вирус почина советничка во Општина Крушево


Советничка во Општина Крушево, на возраст од 54 години, почина од корона вирус. Оваа вест е потврдена од страна на градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христовски кој на својот Фејсбук профил додава дека секогаш ќе го паметат придонесот на Агапи Чункоска. „Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на Општина Крушево, наставник и работник […]

Аеродром со 1.120 активни случаи, Гази Баба, Карпош и Центар близу 1.000


Во Скопје има 7.114 активно заболени од Ковид-19. Според општини преничи Аеродром со 1.120, потоа Карпош со 979, па Гази Баба – 970 и Центар со 934. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) Чаир – 424 Гази Баба – 970 […]

Починаа 26 пациенти од Ковид-19, најмногу за еден ден досега


Најголем број починати од Ковид-19 имаме денеска во Македонија, дури 26 пациенти. Инаку, во последните 24 часа се направени 2.667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 392 -Куманово 51 -Дебар 6 -Штип 18 -Прилеп 29 -Тетово 95 -Струга 10 -Велес 48 -Битола 36 -Охрид 31 -Кавадарци 22 -Гостивар 49 -Гевгелија […]

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19


Северна Македонија, Себија и Албанија утре ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, јави допсиникот на МИА од Белград. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција […]

Рекордни бројки на новозаболени и починати од Ковид-19 во светот


И денеска голем број држави објавија високи бројки на новозаразени и починати од Ковид-19. Според сајтот „Ворлдметер“ во светот инфицирани се 50.377.799, од кои починале 1.258.066, а оздравеле 35.620.816 луѓе Во Словенија денеска се пријавени 889 новозаболени и 34 починати од последици од Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 531 смртни случаи. Тоа […]

Филипче: Славите да се прослават само со најблиските


Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и  да нема групирања по домовите  за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19. Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и  поради тоа е […]

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на корона вирус


Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски преку Фејсбук соопшти дека е позитивен на корона вирусот. -И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за Ковид-19, сум позитивен, напиша Стојановски на Фејсбук. Ќе биде во […]

ВМРО-ДПМНЕ: Место новогодишно украсување да се купат лаптопи за ученици


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара наместо да се потрошат планираните 200 илјади евра за новогодишно украсување на градот, градоначалникот Петре Шилегов да ги донира за купување на лаптоп уреди за учениците. -На расипничкото и безобѕирно трошење на парите на скопјани треба да се стави крај. Имено во деновите кога градот Скопје е […]

Од корона вирус почина радиологот д-р Владимир Евтимовски од Тетово


Уште еден здравствен работник почина поради компликации со Ковид-19. На 50-годишна возраст почина радиологот од Клиничката болница во Тетово, д-р Владимир Евтимовски. Тој за кратко време ја изгубил битката со болеста. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил следниот ден. Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет. Евтимоски речиси 20 години […]

Зголемен бројот на болнички легла за заболени од КОВИД-19, на се повеќе заразени им е потребна хоспитализација


Бројот на активни случаи на Ковид-19 во државава достигна 14.661, откако вчера беа регистрирани уште 1.285 позитивни на корона вирус. Ширум клиниките и болниците се хоспитализирани над 900 лица. Поради се поголемиот број заразени на кои им е потребна хоспитализација и преполнетост на болничките капацитети, од вчера за третман на пациентите се на располагање и […]

Сончево со мала облачност, магла во котлините


Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево.  Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен,информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, претпладне со појава […]

Пратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективна


Уште еден од пратениците е заболен од корона вирусот – Моника Зајкова (29) од ЛДП. Нејзината температура не паѓала под 38,5 па лечењето морало да биде во болница. Таа ја објави веста на социјалните мрежи. „Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од корона […]

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 918 пациенти


На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, […]