Промоција на прва апликација на македонски јазик за деца со попречен говор


„Отворете ги прозорците“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе промовираат апликација наменета за деца со попречен говор. -Ова е прва апликација на македонски јазик од овој вид, изработена во Android Studio, а може да се употребува на паметни телефони/таблети, кои функционираат на Android оперативен систем. Може да ја користат деца кои […]

Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст


Измените и дополнувањата на законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж се во собраниска процедура и за нив денеска треба да расправа Комисијата за труд и социјална политика. Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика до крајот на годинава возрасната граница […]

Нов дневен рекорд на заразени, активни 15957, хоспитализирани над 1000


Нов дневен рекорд од 1321 заразени со Ковид1 9 беа регистрирани вчера во земјава. Активни се 15975, а хоспитализирани1049. Во претходното деноноќие направени се и рекордни 3836 тестирања, а процентот на потврдени случаи е 34,4. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 42540. Оздравени се 25353 пациенти, а починале […]

Утрото магливо, а потоа сончево


Во земјава претпладне по котлините и долж Повардарието ќе има магла и ниска облачност. Од пладневните часови претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 5, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје, претпладне магливо, околу пладне и рано попладне маглата ќе […]

Две скопски општини имаат по повеќе од 1.000 заболени од Ковид-19


Во Скопје има најмногу заболени од корона вирус 7.410, а денеска дури во две скопски општини има повеќе од 1.000 болни од Ковид-19. Така, Аеродорм има најмногу 1.161, а Гази Баба има 1.007. Следуваат Карпош со 987, Ценатр со 956 и Кисела Вода до 922. Н, мора да се напомене дека има и 150 нераспределени […]

Нови 1.321 заболени од Ковид-19, починаа 26 лица


Во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а регистрирани се 1.321 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 583 -Куманово 100 -Дебар 12 -Штип 40 -Прилеп 57 -Тетово 80 -Струга 13 -Велес 64 -Битола 50 -Охрид 31 -Кавадарци 23 -Гостивар 46 -Гевгелија 22 -Струмица 15 -Крива Паланка 9 -Радовиш 5 -Крушево 8 -Кочани 29 -Пробиштип […]

ФАЦ: Бугарите настанале со осмоза како „дар од Бога“


Во историските истражувања на Балканот има две спротивставени групи: Едната бара меѓународно признание, а втората им служи на закоравените национални стереотипи, анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ). Историјата на Балканот е моќ – оној кој ќе го отфрли ова клише, всушност му подлегнува на клишето. Весникот на овој начин ја отвора анализата за влијанието на […]

Нормализиран сообраќајот Дебар – Маврово кој беше прекинат поради одрон од карпа


Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово и обратно е нормализиран, соопшти вечерва АМСМ. Беше во прекин попладнево поради голем одрон од околу 200 кубни метри камен кој се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово. Одронот настана дваесетина минути по последниот земјотрес и е последица од серијата потреси […]

Велешката општа болница има доволно сместувачки капацитет за пациентитe со Ковид-19


Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА потврдуваат дека во моментов во болницата има доволно сместувачки кревети за прием на сите пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување. Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на […]

Ѓорѓи Спасов издаде книга за раѓањето на мултипартизмот


Поранешниот политичар, министер, амбасадор и универзитетски професор, Ѓорѓи Спасов, денеска, точно на 30 години од првите парламентарни избори, ја објави својата најнова книга „Раѓањето на мултипартизмот“ – страници од македонската политичка историја. Спасов во неа на 250 страници го анализира потеклото на политичките партии во Македонија и промените во партискиот систем на земјава во изминатите […]

Одрон од карпа кај Долно Косоврасти, прекинат сообраќајот Дебар – Маврово


Серијата потреси во поширокиот дебарски регион во текот на денешниот ден ги разнишаа карпите. Попладнево,дваесетина минути по последниот потрес, голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин. Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на […]

Уште еден посилен земјотрес со интензитет 4,9 според Рихтер во Мавровско


Уште еден посилен земјотрес ја стресе Македонија во 15 часот и 25 минути. За разлика од претходните кои беа со послаб интензитет од 3,6 и 3,8 степени според Рихтер последниов наликуваше на оној од утринава и беше со посилен интензитет од 4,9 степени според Ррихтер. Земјотресот повторно беше со епицентар во Мавровскиот регион, на 20 […]

Шекеринска: Тринаесетте мировници кои се позитивни на Ковид-19 се во добра состојба


Тринаесетте припадници на Армијата на Северна Македонија од водот за обезбедување на Главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се позитивни на коронавирус и се наоѓаат во изолација. Уште седуммина припадници на водот, се наведува во денешното соопштение од Министерството за одбрана, се наоѓаат во карантин поради контакт со заразените. Министерката за одбрана Радмила […]

Царовска на онлајн-состанок со градоначалниците и директорите: Наставата се одвива успешно, во тек се реформски процеси


Министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн-состанок со градоначалниците и директорите на училиштата разговараше за текот на наставата и за реформските процеси во образованието коишто се во тек. Беше заклучено дека воспитно-образовниот процес во учебната 2020/2021 година се одвива успешно, со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. – Наставата се […]

Почина Ахил Тунтев, дипломат и советник за надворешни работи на Киро Глигоров


Во 81-та година од животот, во Скопје почина Ахил Тунтев, дипломат и советник за надворешни работи на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров. Ахил Тунтев е роден во Охрид 1939 година каде што го оформил основното и средно образование. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил главен и одговорен […]

Регистрирани уште три земјотреси меѓу три и четири степени и 30-тина послаби


Уште три земјотреси со локална магнитуда меѓу три и четири степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во државава. Првиот во 6 часот со интензитет од 3,6 степени, вториот во 13:26 часот со интензитет од 3,7 степени, а третиот во 12 часот со интензитет од 3,8 степени, изјави за МИА, Драгана Черних, раководител на Сеизмолошката […]

МЗ: Вакцини против сезонски грип има за сите, системски се менаџираат термините за вакцинација


Вакцини против сезонски грип има за сите. Секој петок од тековната недела се отвораат термините за вакцинација за наредната недела. Годинава се набавени 40000 вакцини, што е најголем број досега, информираа за МИА од Министерството за здравство. Вакцините, како што посочуваат, се бесплатни за ризичните групи: лица постари од 65 годишна возраст, бремени жени, деца […]

Прилепскиот градоначалник се активира и како лекар на инфективното одделение


Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој по професија е специјалист ортопед, од денеска се вклучува да помага како лекар на Инфективното одделение во Прилеп. Јованоски, поттикнат од , како што вели, драматичниот недостиг од медицински персонал, максимално ќе се вложи да помогне. – Понудив, од колегите и од болницата беше прифатено да им помагам на колегите […]

Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите


Помалку непочитувања на здравствените протоколи забележале инспекциските служби во текот на минатата недела, што според претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, најверојатно се должи на зголемените ингеренции на испекторите. – Претпоставувам дека измените на Законот со кои се зголемија овластувањата на инспекторите, но и се додоа нови мерки, како што е забраната за вршење на […]

ДКСК претрупана со спорови на граѓани


Државната комисија за спречување на корупција „преплавена“ со постапки од граѓани кои бараат спас за разни судски постапки, работи спорови, денационалнизации, огаси за вработување, со еден збор за нефункциниорањето на другите институции во државата. На денешната двочасовна седница ДКСК разгледа повеќе вакви предмети, за кои се прогласи за ненадлежна или го отфрли како неосновани, бидејќи […]