Не можело да се ангажираат резервите од ЕСМ, затоа снемувало струја, велат од МЕПСО


Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не ни беа ставени на располагање од страна на АД ЕСМ, соопшти денес МЕПСО, откако делови во главниот град на земјава останаа без струја. Од АД МЕПСО велат дека немало можност да се изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа […]

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини


Комерцијална банка оваа година одлучи наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност.   Лекциите, наставниците […]

Булеварот „АСНОМ“ доби нов дрворед од 300 дрвја


Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ овој дел на Скопје. –  Со овој дрворед ги потврдуваме новите стандарди на квалитет што го […]

Се опремува објектот што „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19


Во тек е медицинско опремување на објектот (на поранешната гинеколошка болница „Мала Богородица“, сегашен хотел „Ибис Стајлс“), што Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19. Се подготвува и техничката документација за станица за кислород што ќе биде поставена надвор од објектот со цел опслужување со кислород на пациентите кои ќе […]

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници


Министерството за правда веќе почна постапка за изготвување на нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници. Ова денеска го истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение […]

Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари


Со новиот ковид-оддел на гинеколошкото одделение, прилепската болница  се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентитте се примаат без особени ограничувања. Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител […]

Почна изградбата на модуларната болница во Битола. Таму ќе има нов рендген апарат, зашто тој во болницата е стар 43 години


БИТОЛА – На рендген апарат стар 43 години се снимаат заболените од корона вирусот во Ковид центарот во Битола сместен во објектот на Инфективното одделение во болницата. Од вчера започна изградбата на нова модуларна болница на локација зад објектот на Инфективното одделение, која ќе биде со капацитет од 90 до 120 легла. Модуларниот објект ќе […]

Ќе се руши патот зад битолскиот стадион, откриени уште 120 тони гранати 


  БИТОЛА – Околу 15.000 парчиња гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна се откриени деновиве во втората акција на Дирекцијата за заштита и спасување на локацијата кај стадионот „Под Тумбе Кафе“. Според пиротехничарите тоа се 120 тони товар, во којшто има 5 тони тротил. Од локацијата под стадионот ископувањето продолжува и со […]

Парламентарните партии не отстапуваат од ставовите за онлајн работење на пратениците со Ковид-19


Парламентарните партии и денеска останаа на своите ставови во однос на можноста пратеници со Ковид-19 или во изолација со решение да можат онлајн да се изјаснуваат на седници и на работни тела – владејачките партии сакаат предлогот за дополнување на Деловникот да се изгласа и сметаат дека е неопходен, опозицијата дека е противуставен и дека […]

Ангелов: Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти


Вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Оваа бројка е еластична и тоа не значи дека утре ќе излезат на терен сите, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Со тоа, во овој момент околу 150 […]

Кристина Арнаудова со „Проект куќа“ ќе усреќи десетици семејства (Видео)


Поп-пејачката и хуманитарец Кристина Арнаудова поттикната од своето здружение Проект среќа, формираше проект насловен како „Проект куќа“ во кој среќни ќе направи семејства чии деца немаат основни услови за живот. -„Проект Куќа,, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите“ кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат […]

Џафери: Идејата не е Собранието целосно да работи онлајн, туку да се вклучат само пратениците со Ковид-19 или во изолација од дома


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека опозицијата навремено била запозната со идејата за предлогот за работа на далечина на пратениците во случај на Ковид-19 и самоизолација потенцирајќи дека дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се […]

Ахмети: Груби преведувал во истрагата за „Жолтата куќа“


Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека не го загрижуваат гласините дека пратеници од редовите од неговата партија може да поднесат интепелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно пратеникот Изет Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е […]

Без струја дел од Скопје и Тетово, во прекин 110 киловолтен далекувод


Дел од Скопје нема струја поради дефект на 110 киловолтниот далекувод на МЕПСО. Од ЕВН Македонија информираа дека струја нема на потегот до Тетово. Екипи се излезени на терен и се работи на санирање на проблемот. И од МЕПСО за МИА потврдија дека нивни екипи се испратени на терен, но се уште не знаат за […]

Шахпаска: Буџетот на МТСП за 2021 е над 53 милиони денари, пари за справување со последиците од Ковид-19


Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика за наредната 2021 година е проектиран на 53.183.958 илјади денари. Буџетот за наредната година е проектиран во насока на надминување на негативните последици од здравствената и економска криза што ја предизвика пандемијата со Ковид-19, истакна денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпатска. -Зачувување […]

Царовска: Со билингвалните паралелки создаваме европски вредности и мултикултурализам


Министерката за образование и наука Мила Царовска денес учествуваше на вебинар по повод билингвалните паралелки во државата, организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција.    Министерката Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за […]

Селмани: Државата треба да ги преземе приватните болници место да се пазари


Дека сме најдобри во светот по справувањето со коронавирусот, сигурно дека не сме, но не држи тезата ниту дека сме најлоши, изјави поранешниот министер за здравство, Имер Селмани во гостувањето на „Студио 10“ на Телевизија 24. Според него, државата, министерот за здравство и Владата треба итно, храбро и бескомпромисно да ги стават на располагање сите […]

Скопје ќе се раззелени со повеќе од 15.000 садници


Со есенската акција за садење, Скопје ќе го раззеленат нови 15.338 висококвалитетни садници на многу различни локации низ градот. Со поставување на повеќе видови на листопадни и зимзелени и други видови садници, целта е успешно да се обнови загубеното зеленило и градот да се збогати со повеќе чисти зелени површини кои можат да имаат само […]

Мицкоски објави пропагандно видео за корона кризата


Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој објави пропагандно видео околу корона кризата. „Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа […]

Се гради модуларен ковид центар со 90 кревети во Клиничка болница-Битола


Градежна механизација од Битола почна со подоготовка на терен со површина од 1.000 квадратни метри каде ќе бидат поставени три модуларни градби, нов ковид центар за сместување на пациенти инфицирани од вирусот корона. Модуларниот ковид центар ќе биде на јужната страна од дворот на Клиничка болница-Битола со две модуларни градби кои ќе содржат интегриран тријажен […]