Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 48 пациенти, вкупно се лекуваат 476


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 25 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани […]

Жителите на Центар преку анкетен прашалник ќе учествуваат во подготовка на програмите за работа


Почнувајќи од денеска, жителите на Општина Центар ќе може да учествува во донесувањето на одлуки на локално ниво и да учествува во подготовка на програмите за работа и на буџетот на Општината за 2021 година. Од Општината информираат дека заради актуелната ситуација во Ковид-19, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на веб страницата […]

ИЈЗ: Скопје и натаму e со најголем број нови случаи


Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, најзастапена возрасна група на лица над 60 години, покажуа неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. За периодот од 16 до 22 ноември 2020 тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување […]

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети


Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има […]

Активни 20 687 случаи на заболени од Ковид-19, наскоро во земјава ќе пристигне лекот „Фавипиравир“


Во земјава до вчера како активни се регистрирани 20 687 случаи на заразени во Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заболени 55 127 лица, се излекуваа 32 894, а починаа 1546 лица. Како што најави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани, се очекува наскоро во земјава да пристигне лекот […]

Краткотраен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид кај Врбјани


Сообраќајот на патот Кичево – Охрид, на делницата Пресека-Врбјани денеска меѓу 12 и 15 часот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути. Прекинот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е поради изведување градежни активности на овој патен правец. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози […]

Сончево и ветровито, утринските температури ниски


Продолжува периодот на стабилно и сончево време со ниски утрински температури. За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена до значителна облачност. Ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Tемпературата ќе се движи од 8 до 15 степени. Во Скопје слично време со температура до 10 степени. Во следните денови времето […]

Од Ковид-19 почина Рефик Зенку, дописник на МИА


Од последици на Ковид-19 денеска почина Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција. Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. За настаните во Кичево и околината известуваше до последен момент, додека не беше дијагностициран од коронавирусот. Зенку три недели се бореше со коронавирусот и се лекуваше во болницата „8ми Септември“. Вчера […]

Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центите на интерните клиники


Министерот за здравство  Венко Филипче попладнево се сретна со Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“. – Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на […]

Затворен ГП „Евзони’ поради штрајк


Денеска, раководителот на смена во полициската станица за граничен премин и ГН „Богородица“ е информиран од раководител на смена на ГП „Евзони“ дека поради 24- часовен штрајк на грчките царински служби, ГП „Евзони“ ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020  до 5 часот на 25.11.2020 година.

Брнз: Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес


Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за телевизија Телма. Според, Брнз, билатералните […]

Берово со нови мерки откако за еден ден беа регистрирани 23 новозаболени


Општинскиот кризен штаб во Берово донесе нови мерки и препораки по зголемениот број на позитивни лица со Ковид-19 на територија на општината. На состанокот што се одржа на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, беше презентирана фактичката состојба, прогресот на болеста и мерките за превенција и заштита кои ги презема општината. Пекевски истакна дека […]

Ковид-19 одзеде уште 35 животи, најмладиот на 43 годишна возраст. Позитивни 387 лица


Нови 387 случаи на заболени од Ковид -19 се потврдени од направени 1.176 тестирања во изминатите 24 часа. Најголем број повторно се од Скопје -174, а двоцифрени бројки на заболени има во Гостивар -56, Тетово -26, Битола – 20, Штип -19, Куманово -17 и Велес и Прилеп по 12. Министерството за здравство попладнево информира дека […]

Ѓоргиев: Бугарските барања се апсолутно неприфатливи за нас, дијалогот да продолжи


Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Надминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори, рече копретседавачот на македонскиот тим проф.Драги Ѓоргиев. во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија. „Европа“. Тој најави дека […]

Шилегов: Зимската служба подготвена – годинава нема изненадувања


Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов по посетата на пунктот на зимската служба во кругот на фабриката Железара. […]

Ангелов: Ситуацијата е под контола, обезбедувањето на болниците ќе биде превентивно


До крајот на денот се очекува да се знае колку припадници на полицијата и Армијата ќе бидат потребни за обезбедување на објектите кои ги посочи Министерството за здравство во Акцискиот план. Како што изјави в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов по седницата на Главниот штаб за управување со кризи, ситуацијата од безбедносен аспект е целосно […]

Средношколци презентираа како го замислуваат средното образование


Група средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ денеска на министерката за образование и наука Мила Царовска ѝ презентираа целосно нов концепт за тоа како тие го замислуваат реформираното средно гимназиско образование. – Станува збор за документ изготвен од тим ученици како дел од проектот „Имам став“, во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република […]

Д-р Грозданова: Вакцината против Ковид-19 во државава ќе стигне во првите месеци од 2021 година


Државава ќе ја добие таа вакцина против Ковид-19, која прва ке биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели за МИА, проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација. Договорот со Ковакс механизмот, посочи […]

Инспекциски надзор во болницата „8 Септември“


 Министерот за здравство Венко Филипче изутрината побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид – центарот во таа болница бил […]

ЕК: Здравјето на македонските граѓани сериозно загрозено од загадувањето


Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави дописничката на МИА од Брисел. Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, […]