Состојба на патишта


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната […]

Се гради сензорна соба во градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар


Во матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар во тек е изградба на сензорна соба. Општина Центар најави дека увид во активностите денеска ќе извршат министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот Саша Богдановиќ. 

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот


Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип. Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема


Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето  карантин, бидејќи цени дека […]

Охрид воведува тимови со здравствени експерти за помош на лица со попреченост и заболени од Ковид-19


Во Охрид денеска ќе биде презентирана Пилот-програмата за воведување на мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, со цел да можат да испорачаат голем дел од нивните услуги во домовите на лица со попреченост и/или намалена мобилност, со посебен акцент на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти […]

Дебата „Климатското затоплување на Балканот и обновливите видови енергија“ со амбасадори во Македонија


Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи еднодневна онлајн дебата насловена „Климатското затоплување на Балканот и обновливите видови енергија“. Главните теми на кои ќе се осврнат учесниците се: миграција на населението со силна концентрација во Скопје, производството на електрична енергија базирано на термоелектрични централи и јаглен, недоволната свесност за обновливите извори […]

Сончево со слаб ветер, сабајле со слаба магла


Времето во земјава преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10  до 18 степени. Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, а […]

Скопје со повеќе од 10.000, Прилеп прв град со над 1.000 болни од Ковид-19


Скопје има 10.039 заболени од Ковид-19, а Прилеп е првиот град кој ја надмина границата од 1.000 заболени. Денеска има 1.040 активно заболени од корона вирус. Според епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 25.706, активни 10.039 • Куманово 3.599, активни 940 • Дебар 440, активни 84 • Штип 2.553, активни […]

Од Ковид-19 денеска 30 починати, заразени уште 1.160


Во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19 во:   -Скопје 472 -Куманово 58 -Дебар 2 -Штип 43 -Прилеп 78 -Тетово 61 -Струга 29 Велес 32 -Битола 87 -Охрид 47 -Кавадарци 32 -Гостивар 22 -Гевгелија 1 -Струмица 39 -Крива Паланка 6 -Радовиш 2 -Крушево 2 -Кочани 15 […]

Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  вечерва на протест пред Владата побара оставка од премиерот Зоран Заев  по неговите ставови во интервјуто за бугарската БГНЕС во однос на историјата и за утре најави протести со блокади во неколку градови. Оставка на Заев, слобода на народот. Со оваа порака, Мицкоски го почна обраќањето во кое побара Заев јавно […]

СДСМ ги збива редовите околу Заев


По големите реакции во јавноста по контроверзното интервју и посебно обраќањето на поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски, високите партиски и државни функционери од СДСМ се јавија со редица изјави во кои му даваат поддршка на Зоран Заев. Прво стигна официјалното соопштение на партијата дека она што го изјави Заев е и став на СДСМ, а […]

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили – Заев ветил на Бугарија, но да не го повлече народот


Неколку стотини граѓани, главно со автомобили се собраа вечерва на протестот организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва, за, како што соопшти партијата, „заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет“. Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски“, а се одвиваше под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“. Колоната […]

Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија


Собранието на Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот суд беше претходно завршен. По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата. Кацарска доаѓа на функцијата уставен судија од местото […]

Месиќ: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната


Сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање […]

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, на Инфективното ќе ротираат матични лекари


Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ситуацијата се оценува како влошена и крјано загрижувачка. – Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати […]

Министерката Стефоска вели дека Бугарија мора сама да се справува со своето минато


Секое општество, па и бугарското, мора да најде начини само да се справи со темните точки од своето минато, рече денеска министеркта а за култура Ирена Стефоска, по бурата од реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС. „Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај […]

Советот на Oпштина Тетово дозволи јавно претпријатие да земе кредит поради загубите


Советот на Општина Тетово на денешната 36-та седница изгласа согласност јавното претријатие „Градски паркинг“ да земе кредит во висина од шест милиони денари за да ги покрие финансиските загуби. За барањето за кредит денеска одговорност од менаџерскиот тим побара советникот Горан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Имате подадена рака од Советот, но мора да ги смените работите, или […]

Италија, Грција, Шпанија и Малта против новите правила за азил


Земјите од Европската унија кои се најтешко погодени од пристигнувањето на стотици илјади илегални мигранти во текот на изминатите пет години денеска изразија загриженост дека новите предлози за обнова на системот за азил на ЕУ ќе продолжат да ги оставаат со голем товар. Грција, Италија, Малта и Шпанија во заедничкото соопштение велат дека задолжителните квоти […]

Шахпаска на средба со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19 градинките се безбедни


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на […]

Димитров: Идејата на договорот беше историјата да се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и иднината


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на својот Фејсбук профил напиша историјата да се остави на историчарите, а политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината. -Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, […]