Филипче: Во февруари ќе пристигнат вакцините


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека системот е подготвен за вакцинација и дека вакцини против Ковид 19 ќе пристигант во февруари.

„Со Фајзер разговарав во текот на вчерашниот ден во однос за документацијата која што им беше потребна, луѓето од Регионалната канцеларија во Белград потврдија дека во текот на наредната недела ќе го добиеме договорот. Во февруари вакцините ќе пристигнат и ние ќе го започнеме процесот на имунизација“ рече Филипче

Тој потенцира дека приоритет ќе имаат здравстените работници.

„Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови, таму каде што се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести, веќе е направе списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои што ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот ’Мој термин’“, информира министерот за здравство Венко филипче.

Министерот Филипче информира дека и оние кои се регистрирани во системот дека го прележале коронавирус ќе бидат вакцинирани, но ќе почекаат да бидат прво вакцинирани оние кои не го прележале вирусот. Во моментов тие се изземени од списоците за вакцинација.

„Еве која е последната препорака, да дури и луѓе кои биле заболени после месец дена се вакцинираат, без разлика дали имаат или немаат антитела. Во таа смисла единствена контраиндикација за вакцинациија е да имаат некаков симптом на болеста. Само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира“, вели Филипче.

Филипче денеска рече дека можно е новиот сој на коронавирусот да постоел во земјава уште пред неколку недели, а засега имаме три официјално потврдени случаи.

-Откако ќе се земе брис, само во некои случаи се прави секвенционирање на геномот навирусот, можно е да сме го имале новиот виррус и минатиот месец, но тогаш епидемиолошката слика беше таква што во некои случаи се намалуваше. Можно е евентуално оваа мутација да е присутна во последните повеќе неколку недели кога после падот има едно ниво на израмнување на кривата, но во секој случај она што е многу битно дека нема влошување, во смисла на зголемување на случаите. Се уште не е искулчена можноста, можно е и тоа да се случи и  сме внимателни и затоа и мерките засега остануваат исти“ рече Филипче.