Од понеделник 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравство, најави Шекеринска


Врз база на барање од Министерството за здравство, по консултациите кои ги направивме, од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството. Очекувам таа операција да се случи од понеделник, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во однос на тоа каде ќе […]

Шекеринска: Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина


Како Влада и како луѓе ќе правиме се што е во наша можност да не направиме сите ние да бидеме заложници на историјата. Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид […]

Се отвора ковид – центар на Клиниката за уво, нос и грло


Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше среба со директорите на ковид – центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, на која се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти. Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на […]

Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието


На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство. Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог […]

Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии


Oд денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на […]

Премиерот Заев на увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир


Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска ќе изврши увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир. При увидот  премиерот Заев ќе биде придружуван од вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп […]

Армијата се вклучува во обезбедување на здравствените установи, Прилеп чека одлука за карантин


Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по вчерашната средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, изјави дека Владата го испратила […]

Рашковски ќе стане секретар за мониторинг


Владата ќе формира три нови секретаријати: секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите, секретаријат за комуникации и секретаријат за администрација. Со тоа се воведуваат и уште три нови позиции „секретар“ и уште толку „помошник-секретар“. Функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма ќе ја  извршува досегашниот генерален секретар на Владата […]

Нови 1.288 заразени, 39 лица починаа


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1.288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле 1.078 пациенти. Од починатите 39 лица, шеснаесет се од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., […]

Елизабета Ѓоргиевска: Еден од девет смртни случаи се должи на лошиот квалитет на воздухот


Еколошката криза влијае на здравјето на луѓето. Да го земеме за пример загадувањето на воздухот. Пред пандемијата, годишно, поради загадувањето на воздухот во светот умирале околу три милиони луѓе, односно еден од девет смртни случаи во светот се должел на лошиот квалитет на воздухот, истакна сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. – Воздухот што […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 812 пациенти, има слободни кревети


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти, на инфективното одделение во Тетово […]

МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс кој треба “грижливо“ да го собираме


На денешниот видео настан организиран од Фондацијата „Информација и заштита на природата” (ФИЗП), Подружница во Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се презентираа резултатите од проектната активност „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”. Проектната […]

Арсовски: Контактите со Бугарија продолжуваат, со оптимизам гледаме на можните решенија


Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек бидејќи двете страни се вложени во изнаоѓање на решение. Со оптимизам гледаме на можните решенија кои ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на нашиот национален идентитет, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната редовна […]

Арсовски: Во кризна состојба, сè правиме врз основа на проценка


Неколку дена се изминати од почетокот на кризната состојба во државава. Сè што се работи се прави врз основа на проценка, односно на тоа што ќе го препорача Кризниот штаб, што ќе го разгледа Управувачкиот комитет и ќе го одобри Владата. Ова денеска го истакна портпаролот на Владата, Душко Арсовски, кој рече дека од тоа […]

Филипче: Зголемен бројот на случаи на семејно насилство, се зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите


 Оваа криза не само што ни дава еден таков предизвик за третман на пациентите со Ковид-19, дава и некои други специфики, кои се повеќе и повеќе излегуваат на виделина. Имено, очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа […]

Зголемените надлежности на инспекциските служби даваат резултат, вели Филиповска-Грашкоска


И покрај зголемениот број контроли во ноември сепак се детектирани помал број прекршувања на протколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протоколи, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција. Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на […]

Во тек се девет вонредни инспекциски надзори за помлади пациенти кои починале од Ковид-19


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова. Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено […]

(Видео) Прес на Инспекцискиот совет


Денеска во 14 часот прес-конференција ќе одржи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорите на инспекциските служби. Проследете ја во живо:

Комисијата за заразни болести во петок ќе ја разгледува состојбата во Прилеп и барањето за воведување карантин


Во врска со барањето на прилепскиот градоначалник за воведување карантин во тој град, портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска рече дека во Прилеп ситуацијата е алармантна и во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува тоа како проблем. – Би требало оттаму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе во […]