Во Ниш се вакцинираат и граѓани кои не закажале, во Белград преспиваат за да го избегнат полицискиот час


Околу стотина лица пред влезот на спортската сала „Чаир“ во Ниш, сите од Македонија и сите без претходно закажан термин, чекаат за вакцините АстраЗенека кои ги овозможи соседна Србија за граѓаните на земјите од регионот. Истовремено, во близината има и друга, помала редица граѓани кои претходно имаа закажано вакцинирање преку договорената соработка на стопанските комори […]

Борисов: Ќе предложам да испратиме 5.000 вакцини идната седмица во Северна Македонија


Бугарија идната седмица ќе добие 200.000 вакцини. Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме за Република Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов изјави дека тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето. Борисов, кој ја даде изјавата за време на увидот на градежните […]

Во ковид-центрите хоспитализрани 1498 пациенти, слободни околу 200 кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. – Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе […]

МЗ: Здравствените работници прават натчовечки напори за грижа на пациентите, граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките


Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа координација со директорите на ковид центрите во Скопје на која се разговараше за моменталната состојба со капацитетите во клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал. Како што се наведува во денешното соопштение од Министерството за здравство, Филипче секојдневно заедно со директорите го […]

Филипче утре ќе ги пречека вакцините АстраЗенека на скопскиот аеродром


Од Министерството за здравство информираат дека утрешното пристигнување на вакцините АстраЗенека ќе биде пречекано од министерот Венко Филипче и неколку други преставници на Министерството. „Министерот за здравство д-р Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, утре (28.03.2021) на меѓународниот […]

Вирусот се шири сè побрзо, симптомите сè потешки – клучна е следната недела во борбата против КОВИД-19


Нов рекорд на новозаболени од Ковид-19 регистрираше вчера Министерството за здравство. За 24 часа се потврдени нови 1.422 случаи од направени 4.277 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија 33 пациенти, од кои најмладиот на 38-годишна возраст. Она што е поразлично во овој пик од претходните, според претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, е […]

Показни вежби и активности на Армијата по повод првата годишнина од членството во НАТО


Централна свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата ќе се одржи денска во касарната „Илинден“ во Скопје. Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на грчки воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“, заедно со хеликоптери на македонското воено воздухопловство, […]

Времето претежно сончево со слаб југозападен ветер


Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. Во Скопје и околината сончево со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. Во текот на ноќта у изутринава беше ведро […]

Сообраќајот умерен по суви коловизи, на Табановце за излез се чека 40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини. Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за […]

Караџовски: Лицата што се во изолација ќе се попишуваат кога ќе им заврши


  Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изјави дека тој не одлучува дали ќе има попис или не. Посочи дека пред два ипол месеци било побарано од Комисијата за заразни болести да изработи протокол и оти со тоа завршува нивното стручно мислење. – Во моментов, епидемилошката […]

Караџовски: Британскиот сој е чудовиште, напаѓа сѐ во организмот


Според првиот човек на Комисијата за заразни болести, инкубацијата од британскиот сој трае многу кратко, од 3 до 5 дена. А следната недела е клучна за борбата против него во овој вирусен циклус   Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски, вечерва изјави дека британскиот сој на корона вирусот е вистинско „чудовиште“, дека […]

Мицкоски: Глупост е дека ќе се казнат тие што нема да отворат врата на попишувачите


Во “Што не е јасно” на Алфа телевизија вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека здравјето нема цена и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните да си го заштитат здравјето. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, да не отвораат врата. Чиста глупост се дека тие што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави, тоа ништо […]

Мицкоски порачува: За секој умрен од корона ќе се одговара


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека сите одговорни од власта ќе одговараат за секој човечки живот кој се загуби поради необезбедувањето вакцини.  -Проблемот е што денеска имаме над 30 починати. Ближиме до бројката 1.500 заразени. Животот нема реприза, за ова ќе има одговорност, јас им го порачувам тоа. Да не мислат дека се комотни […]

И полицајците ќе се вакцинираат по приоритет


 Раководствата на министерствата за внатрешни работи и за здравство денеска одржаа работен состанок, на кој биле презицирани термините и постапката за отпочнување на вакцинацијата на полициските службеници, особено на оние кои се директно изложени и учествуваат во борбата за спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот. На состанокот, како што информираат од МВР, меѓу другото […]

Tранспортeрите го блокираа ГП Богородица, бараат Грција да го олесни протокот на сообраќајот


Асоцијацијата на македонските транспортери „АМЕРИТ” во соработка со колегите од грчка страна, попладнево во 15 часот го блокираа транспортниот сообраќај на ГП Богородица поради рестрективните мерки на грчките власти за заштита од Ковид-19 кои сеуште се применуваат на ГП Евзони и покрај ветувањето дека ќе бидат повлечени. Организаторите на четиричасовниот предупредувачки штрајк, кој ќе трае […]

Дневен извештај за короната: 33 починати, рекордни 1.422 нови инфекции


Третиот бран од епидемијата не покажува ни намали знаци на олабавување. Денеска се регистрирани 1.422 нови случаи од направени 4.277 тестирања, што повторно се вискои 33,2 отсто од примероците. Тоа е најголем број заразени од почетокот на пандемијата. Починаа 33 лица, од кои 12 во Скопје.   Нови инфекции според градови:   -Скопје 618 -Куманово […]

И ветеринарите ќе се вакцинираат во Србија


Членовите на Ветеринарна комора ќе имаат можност во недела и понеделник, на 28 и 29 март 2021 година, да се вакцинираат во Србија со АстраЗенека. Како што соопшти Комората на својата веб страница, одобрено е барањето што било упатено до српската Влада преку Ветеринарната комора на Србија (ВКС). -Ве известуваме дека ВКМ во настојување да […]

Целиот список на новите имиња на улиците во Скопје – „Водњанска“ си го враќа името


Откако три години речиси ништо не се направи околу враќањето барем на некои од имињата на улиците во Скопје, со кои претходната власт направи идеолошко и идентитетско свртување, последниве неколку месеци градските власти решија да го остварат она што го ветуваа во кампањата за локалните избори. Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа […]

Командантот на НАТО за Европа на прослава на првата годишнина од членството


Премиерот Зоран Заев го прими командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој со делегација на НАТО е во посета на нашата земја по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата.   На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска […]

Повик од Апостол Симовски: Не слушајте ги тие што повикуваат на бојкот на пописот


Драматично обраќање на директорот на Државниот завод за статистика: Целта на оние кои повикуваат на бојкот е државата да тоне во кал што е можно подлабоко, а не да оди напред   Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска ги повика граѓаните да не ги слушаат повиците за бојкот и неучество на пописот […]