Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември
Комисијата за заразни болести е таа што одлучува, но јас би сакал наставата од септември да биде со физичко присуство ако Ковид-ситуацијата тоа го дозволува, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на првиот национален Стартап самит, Заев информира дека во понеделник во 9 часот Штабот треба да одржи состанок на кој ќе бидат соопштени деталите за евентуалното олабавување на мерките во однос на рестораните за свадби и можностите за присуство на трибините во сали и на стадион.
-За училиштата имам свој став. Но, секако, најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состјба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки, рече премиерот.