Експерти на СЗО тврдат дека кинеските вакцини се покажале безбедни


 Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопштија дека вакцините на кинеските лаборатории „Синофарм“ и „Синовак“ се покажаа безбедни и ефикасни против Ковид-19, но, сепак,  потребни се и дополнителни анализи. Проценката ја направи Советодавната стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март за да даде […]

До добивање официјални препораки, Астра Зенека ќе ја примаат само лица над 60 години


Националната техничка работна група за Ковид-19 вакцинација при Министерството за здравство соопшти дека ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини, вклучително и на вакцината на „Астра Зенека“. -Во тек на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја […]

Џафери: Не можам да кажам кога ќе бидат донесени измените на Законот за попис, има процедури што треба да се испочитуваат


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги поздрави напорите што, како што рече, биле направени за одблокирање на работата на Собранието, но, требало во нив да биде вклучен и тој како претседател затоа што треба да ги спроведе сите процедури во институцијата. Во однос на Законот за попис и измените на Изборниот законик рече дека […]

Починаа две родилки со Ковид-19 на возраст од 33 и 32 години


Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на Ковид-19. Двете биле второротки и биле во многу тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е пуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе, кое е родено предвремено, е во критична состојба и на респиратор. Едната почината родилка […]

Со ИПА до европска полиција


Динамиката и прогресот од досегашната соработка помеѓу МВР и Делегацијата на Европската Унија, во делот на спроведувањето на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), меѓу кои имплементација на системот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата и модернизација на ИТ инфраструктурата во седиштето на МВР, воспоставување на нов Прифатен центар […]

Имаме национален план на хартија, но не и фокус во справувањето со климатските промени


 Институциите во однос на изминатите неколку години повеќе вложуваат во изработка на легислатива за климатските промени, но потребна е и поголема транспарентност на институциите и вклученост на граѓанските организации, заклучи Ана Чоловиќ-Лешоска, директор на „Еко-свест“ на денешната дискусија на тема „Визија и цели за справување со промените во климата 2030/2050“, во рамките на Националната конференција […]

Општина Аеродром награди три идејни решенија за проектирање управна зграда


Од вкупно 22 избрани се три идејни решенија за проектирање управна зграда на Општина Аеродром. Трите решенија ќе добијат парични награди во висина од 300.000 денари за прво место, 100.000 денари за второ место и 50.000 денари за трето место. -Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Тоа е од исклучително […]

Заев ќе стори се што може пописот да даде квалитетни податоци


Премиерот Зоран Заев денеска гарантираше дека ќе стори се пописот да даде квалитетни и целосни податоци од кои потоа ќе може државата квалитетно да ги димензионира и економските, финансиски и сите видови на политики. Според него,  важно е низ дијалог да се постигне консензус за секое можно прашање, по што повика сите да придонесат да […]

Франција ќе финансира проекти на Македонија за да влезе побргу во ЕУ


Регионалниот директор на Француската агенција за развој на Западен Балкан,  Доминик Отберг, ја презентираше денес во македонското МНР новата стратегија за поголемо присуство на Франција и за побрз економски и социјален развој на Македонија – што ќе ни ја отвори побрзо вратата во Европската унија. Според Отберг, Агенцијата ќе располага со фонд од две милијарди […]

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок, веројатно ќе нема нови рестриктивни мерки


Комисијата за разни болести попладнево ќе одржи состанок. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче. Во врска со тоа дали ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки рече дека смета оти нема да има нови мерки, бидејќи било констатирано дека никаква дополнителна рестрикција од тоа што е сега не може да даде ефект. -Гледавме […]

За Прилеп обезбедени 900 вакцини, денеска вакцинација на 90 граѓани


Речиси половината од 90 прилепчани од изутрината досега ја примија својата прва вакцина на вакцина за Прилеп во првата тура се обезбедени 900 вакцини. Вакцинацијата се одвива непречено во Здравствениот дом, термините се исполнети за граѓаните кои се вакцинираат над 77-годишна возраст. Осумдесетгодишната Елена Житошанска е меѓу првите кои денеска се вакцинираа. Нема проблеми, вели и препорачува, […]

За законот за државјанство може да се најде решение


И премиерот Зоран Заев и координаторот на пратеничката група на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, Скендер Реџепи, денеска изјавија дека пречките за измените во законот за државјанство не се ненадминливи и дека може да се најде решение кое ќе ги задоволи и законските регулативи и барањата на таканаречените „луѓе фантоми“ По средбата Заев изјави дека биле […]

Средба на Џафери со координаторите на пратеничките групи


Претседателот на Собранието Талат Џафери одржува средба со координаторите на пратеничките групи. Џафери, како што најавија од неговиот Кабинет, во 14 часот ќе одржи прес-конференција. До Собранието синоќа беше доставен Предлог-законот за одложување на пописот, што беше усвоен на седница на Владата. Пратеничките групи вчера до Собранието доставија измени на Изборниот закон во коишто се […]

ДКСК лани примила за 50 отсто помалку пријави отколку во 2019 година


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница го усвои Извештајот за работа на ДКСК за 2020 година, при што беше констатирано дека има постигнато добри резултати. Донесени се нови интерени акти за организација и систематизација на работни места на вработените во Секретаријатот, промени наложени од новите законски надлежности произлезени од Законот за […]

До петок топло, за викендот дожд, грмежи и ветер


Промена на времето се очекува од петок и во деновите од викендот. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и пообилни. Локално ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен. Синоптичарите најавуваат и грмежи и засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса во недела на […]

Рекордни 1.581 пациенти се лекуваат во болниците од корона


    Вкупно 1.581 пациент се лекува во болниците во земјава по компликации од коронавирусот и има околу 260 празни кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти, а вкупно 654 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на […]

Заев: Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем, систем кој ја испорачува правдата


 Токму на Денот на македонското правосудство пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права на американскиот Стејт департмент, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години, вели премиерот Зоран Заев во пораката упатена до сите судии и обвинители, адвокати, и сите останати вработени […]

Маричиќ: На Денот на правосудството добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на судиите и обвинителите, адвокатите, претставниците на правосудниот сектор, во видео обраќање им го честита Денот на македонското правосудство, посакувајќи им успешна работа за која, како што вели, верува дека ќе резултира со јакнење на правната држава и зголемување на довербата на граѓаните во правосудните институции. -Со почетокот на пандемијата […]

Заев: Здраво е да имаме несогласување


Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество. – Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа […]

Османи на средба со грчкиот амбасадор за границата


Министерот за надворешни работи  Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Хеленската Република, Русос Кундурос. Во фокус на разговорите на двајцата соговорници биле актуелностите во земјава поврзани со тековните предизвици на пандемијата и предизвиците кои во таа насока се создаваат за протокот со соседна Грција. Османи ја истакнал важноста од засилување на проток на […]