Пристигнаа 20.000 „спутник“ вакцини од Србија


  Дури 20.000 вакцини „спутник“ пристигнаа денеска од Србија, а тоа е дел од два пати по 20 илјади, што треба да стигнат од соседна Србија. Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до соседна Србија, а ова го нарече како голем чин на солидарност. Според него, со овие два пати по дваесет илјади „спутник“ вакцини што […]

(Во живо) Пристигна нова тура вакцини


Во 13 часот пред Институтот за трансфузиона медицина (во склоп на клиничкиот центар Мајка Тереза) премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче ќе одржат прес-конференција по повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини.

Бислимоски повикува да се насочиме кон потенцијалите на обновливите извори на енергија


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, посветено на енергетската независност, посочи дека инвестициите во енергетиката на секое поле се единствен начин за зајакнување и зголемување на енергетската независност. На прашање на студентите како да се обезбеди базна енергија во состојба кога зелената енергија се форсира, а […]

Драматична е ситуацијата во болницата во Битола


Во ковид центарот во болницата се хоспитализирани 103 пациенти. Сите се тешко болни и на кислородна поддршка   Анета Блажевска БИТОЛА – Тешка е сликата во Ковид центарот во Битола каде на двете одделенија се хоспитализирани дури 103 пациенти, најмногу досега од почетокот на кризата. Ноќеска починале и 4 пациенти од кои двајца од Битола […]

Пристигнува нова пратка вакцини против Ковид-19


 По повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини против Ковид-19, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција. Прес-конференцијата ќе се одржи пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава […]

Левица за пописот: Обидот за фалсификат само се пролонгира


Кампањата „Не отворам врата” ќе продолжи ако не биде донесен новиот закон за попис, соопшти денеска Левица. „Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на […]

Досега попишани 177.875 иселеници, според ДУИ главно Албанци


Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177.875 лица  од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика. Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58.067, Германија – 40.400 и Италија – 2.618.Во САД има попишано 7. 484 лица, во Австралија 2. 227 и Канада – 1.591 граѓанин. Од соседството од Албанија досега […]

Отстранета бетонската база што го загадуваше Петровец и околината


Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во неколку наврати во текот на месец март извршила надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино. Од ДИЖС информираат дека по утврдувањет на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база […]

МЗ: Вчера вакцина примиле 730 граѓани над 77 години


Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, голема е заинтересираноста на граѓаните над 77 години кои од вчера почнаа да се вакцинираат, односно само два отсто од граѓаните кои имале закажано […]

Без вода корисниците од Трнодол и Ченто


Прекин на водоснабдувањето денеска од 10:35 часот  ќе имаат корисниците од населба Трнодол. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на приклучна цевка Ф-2 на улица „Лесновска“ број 13. Без вода денеска ќе биде улицата „Христофор Жефаровиќ“ во скопската населба Ченто, инфромираат од ЈП „Водовод и канализација“ […]

Собранието закажа седница за измени на Законот за попис


Од Собранието, денеска соопштија дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја свика 38. пленарна седница во 13 часот со две точки на дневниот ред. Имено, прва точка е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година по скратена постапка. Втората е Предлог […]

МОН: Стипендии од 3.500 денари за учениците во дуалните паралелки


Министерството за образование и наука (МОН) од наредната учебна година ќе ги зголеми стипендиите за учениците од средните стручни училишта. Обезбеден е фонд за 2.200 стипендии за ученици од прва година, во вкупна вредност од околу 60 милиони денари, што како што соопшти Министерството, е 10 кратно зголемен буџет во однос на минатата учебна година. […]

Филипче: Во салата „Борис Трајковски“ дневно ќе се вакцинираат околу пет илјади граѓани


Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се врши масовна вакцинација. Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Согласно планот, како што посочува, ќе се работи во две смени од 08:00 […]

Филипче: Пред да се дојде на вакцинација може да се пополни документот „COVID19 Согласност за вакцинација“ за да се избегне метеж на пунктовите


На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано. Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи, објави на својот Фејсбук профил министерот за […]

Хуманитарни денови во ресорт „Маврово“


На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот хуманитарен велеслалом. Оваа година поради пандемијата, велеслаломот нема да се одржи, но ние заедно со Вас продолжуваме со хуманост. Веќе 19-та година по ред, компаниите имаат можност, преку скијање, да помогнат некому. Аматерскиот хуманитарен велеслалом Маврово оствари многу хуманитарни цели. Овогодинешната цел е да се […]

Државниот архив одбележува 70 години постоење


Со свечена академија во Музејот на македонската борба Државниот архив денеска ќе ја одбележи 70-годишнината од постоењето. На настанот свое обраќање ќе имаат покровителот на јубилејот, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, додека со видео порака ќе се обрати Дејвид Фрикер, претседател на Меѓународниот архивски совет и директор […]

Вакцинацијата со АстраЗенека се одвива добро, засега со неа ќе се вакцинираат лица над 60 години


Вакцинацијата на постарите граѓани со АстраЗенека се одвива добро, истакна министерот за здравство Венко Филипче, но во однос на ставовите на Германија и Канада конкретно за таа вакцина за Ковид-19, посочи дека одлучиле да бидат внимателни, да се оди полека и да се чека дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна. – Почна вакцинацијата на постарите […]

Сончево и ветровито


Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утриската температура ќе се движи од -1 до 5, а дневната ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се […]

Во мај измени на Изборниот законик, градоначалник во прв круг неприфатливо за повеќето партии


Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува во мај да има нова измена на Изборниот законик со која ќе бидат имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Ќе има измени и на изборниот модел, вели Маричиќ, доколку за тоа постои согласност. Но, опцијата да се избира градоначалник во прв круг, за повеќето партии не е прифатливо. -Пет и пол месеци […]

Регистрирани 1.511 нови случаи на Ковид 19, починати се 32 лица


Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино […]