Филипче: Ќе овозможиме вакцинирање против Ковид на над 10.000 граѓани дневно и ќе нема гужви


Министерот за здравство Венко Филипче најавува дека на  пунктовите за масовна вакцинација  што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10.000 граѓани и како што вели, воопшто да нема никакви гужви. Досега се вакцинирани вкупно 60.000 граѓани. Одговарајќи на новинарско прашање за […]

Армијата зајакната со нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава


Во скопската касарна „Илинден“ денеска втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници беа промовирани во првиот подофицерски чин. Сертификати добија тројца најдобро рангирани подофицери и тоа прво рангираниот водник Бобан Јанковски, второ рангираниот Игор Димовски и трето рангираниот Амер Зеиновски. – Не сум само јас најдобар, најдобри сме сите заедно. Дојдовме со голема […]

Бојкот на наставата во битолските училишта


БИТОЛА – Битолски ученици ја бојкотираат денешната настава со образложение дека се против реформите во образованието што сака да ги спроведе Министерството за образование. Родители на учениците од повеќе основни и средни училишта во Битола денеска ги известиле класните раководители дека нема да им дозволат на децата да се вклучат на настава, без оглед дали […]

Од Ковид-19 се лекуваат 15 деца


Во Клиниката за детски болести во моментот се лекуваат 15 деца од Ковид-19, а ниедно не е со загрозувачка клиничка слика. Ова го потврди директорката Аспазија Софијанова, на денешната донација на четири респиратори од Словачка. – Имаме 15 деца со 15 мајки кои се лекуваат на нашата клиника. Сите се со полесна клиничка слика и […]

Реконструирано детското игралиште на улицата „Варшавска“ во населбата Тафталиџе


Целосно е реконструирано детското игралиште на улицата „Варшавска“ во населбата Тафталиџе 1. Општина Карпош ги замени старите и дотраени реквизити со нови. Поставени се нови тобогани, клацкалки и лулашки. После подолг временски период обновен е овој детски рекреативен простор и повторно безбеден и употреблив. Оваа јавна детска зона најчесто ја користат децата кои живеат во […]

РСБСП: Да се вози внимателно и одговорно за време на празниците


Републичкиот совет за безбеднст на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, апелира грѓаните да возат внимателно и одговорно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Според РСБСП, искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни […]

Организаторите на бојкот на наставата тврдат дека има одѕив


Фејсбук-групата на родители „Учебници и настава мора да има“ за денеска најави бојкот на наставата со барање да се стопира донесувањето на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Претставничката на неформалната фејсбук-група Драгана Спасевска, која вчера ги соопшти барањата и најави бојкот, за МИА утрово изјави дека се бојкотира во […]

(Во живо) Министерот Филипче на донација од Словачка


Министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Мартин Клус, заменик министерот на МНР на Република Словачка, амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш и директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова во присуство на настан во врска со донација од Република Словачка

Првата Детска aмбасада во светот „Меѓаши“ одбележува 29 години од основањето


Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска одбележува 29 години од основањето, како светска асоцијација за заштита на правата на детето. -Досега се направени многу промени во општеството во врска со состојбата на децата и несомнено е дека голем дел од тие промени започнуваат со рушењето на молкот поттикнато од Детската амбасада „Меѓаши“. Како што […]

Промоција на Мобилна клиника во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза


Мобилна клиника ќе биде промовирана денеска во дворот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Станува збор за реализација на проект на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА, која целосно ја опреми мобилната клиника. На настанот, како што е најавено ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, програмскиот координатор на ТИКА, Халим Омер Согут […]

Величетврток, почнуваат велигденските празнувања


Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на […]

Кинеските вакцини ќе пристигнат утре, се очекуваат и од „Фајзер“, мерките за заштита од Ковид-19 и натаму да се почитуваат


Кинеските вакцини ќе пристигнат утре. Меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека очекуваат информација за вакцини и од Ковакс-системот. Во меѓувреме, српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на […]

Промоција на нови 55 подофицери, втора група од вкупно 120 за годинава


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се обрати на свеченоста за промоција на втората група од 55 од вкупно 120 професионални војници во прв подофицерски чин. -Курсот за подофицери, кој се организира по 11 години произведе 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи. Првата […]

Сончево и топло со температура до 28 степени, попладне дожд на планините


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 5 до […]

МОН му одговори на информатичарот што стана хит на социјалните мрежи


Откако информатичкиот инженер Николчо Петров, постави реални прашања за проблемите со кои ќе се соочиме со воведувањето дигитални учебници во основното образование, а на социјалните мрежи веднаш стана хит, споделуван од многумина, Министерството за образование реши да му одговори. Одговорите од МОН ви ги пренесуваме во целост: Прашања и одговори: Децата не треба да носат […]

Маричиќ: Не постојат фантомски изводи


Не постојат фантомски изводи, тоа е опасно замајување на јавноста, бидејќи не само што не постојат, туку на попис кој што ќе се реализира во септември оваа година не се попишуваат изводи, се попишуваат граѓаните, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање. Како што дополни министерот, на пописот секој граѓанин треба […]

Општина Битола направила грешка за комуналиите, откажана инвестиција од 3,5 милиони евра


Болницата „Плодност“ добила решение за комуналии од само 6.000 евра. Општината ја увидела грешката, затоа што сумата требала да биде 120.000 евра, но оттогаш инвестицијата на болницата заглави во правни лавиринти   Анета Блажевска БИТОЛА – Заради првична грешка на општинската администрација во Битола во пресметка за комуналии, откажана е инвестиција од 3,5 милиони евра […]

Првата дама Ѓоргиевска во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска по повод месецот посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам, денеска беше во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје. Денешната посета е со цел  запознавање со работата и предизвиците со кои се соочува оваа установа и е […]

Општина Прилеп купи 1.000 електронски уреди за учениците


Поради пандемијата од Ковид-19, учениците следат настава на далечина, а за тоа се потребни електронски уреди, па затоа Општина Прилеп купи 1.000 таблети, статични и лаптоп комјутери за децата од социјалните категории да може да следат настава. – Во насока на овозможување подобри услови за наставниците и учениците за следење на настава од далечина, Општина […]

Минатата година 125 несреќи на работа, 25 со фатални последици


Дваесет и пет лица починале на работното место изминатата година, а вкупно се случиле 125 несреќи на работа, покажува најновиот извештај на Македонското здружение за заштита при работа кое секоја година се објавува по повод Светскиот ден за заштита и безбедност при работа. Стапката на смртни случаи при работа во земјава изнесува 3,14 односно на […]