Меѓународен повик за обезбедување пристап и функционалност на образовни објекти за лица со посебни потреби


Фото: Б. Грданоски

Делегацијата на Европската Унија во Скопје објави меѓународен тендер со отворена постапка за изведба на градежни работи за адаптација на постојните образовни објекти во земјава за да се обезбеди пристап и функционалност за лицата со посебни потреби.

Повикот е во рамки на програмата ИПА/2019/041-263 Годишна програма за Република Северна Македонија за 2019 (Цел 2) – ЕУ за инклузија. Целта не проектот е  да го подобри пристапот во 10 до 15 образовни објекти во Северна Македонија.

Како што објави Министерството за образование и наука, градежни зафати за адаптација ќе бидат изведени во училиштата: ССУ „Наум Охридски“ – Охрид; ОУ „Братство – Единство“ – Дебар (ново име ОУ„Пенестија“); ОУ „Лирија“ и ССУ „Ѓоце Стојчески“ – Тетово; ОУ „Браќа Миладиновци“,  „Крсте Мисирков“, ССУ „Наце Буѓони“ и ОУ „Бајрам Шабани“ – Куманово и во три скопски училишта  – гимназијата СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ и основните „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кисела Вода и „Лазо Ангеловски“ во Аеродром.

На листата објекти во кои ќе се реализираат градежни зафати за пристапност и функционаност се и факултетите од кампусот на УКИМ – Филозофски и Филолошки факултет, Правен, Економски, како и Архитеконскиот и Градежниот Факултет на УКИМ, а покрај овие образовни установи на листата е и Младинскиот културен центар во Скопје