МЗ: Од 12 јули вакцинација против Ковид-19 и без закажан термин


Фото: Б. Грданоски

 Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Од Министерството посочуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk .

-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk , информираат од Министерството.

МЗ: Се утврдуваат насоките за организација на теренска вакцинација од следната недела

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за Ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација којашто треба да започне од следната недела.

Здравствените домови, како што соопшти Министерството за здравство, до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација.

-Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство.