Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба


Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се […]

Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан во Струмица, одлучи Комисијата за станбени прашања


Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната седница одлучила на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, информира министерот преку својот фејсбук статус.   – Имајќи ја […]

Се врши притисок врз советниците од Општина Центар за локацијата кај поранешна „Треска“


Општина Центар соопшти дека на вчерашната седница на Советот, во прилог на допис доставен од Агенцијата за планирање на просторот, било изнесено и известување од инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај „Треска“ со закана за кривични пријави против советниците и градоначалникот ако ја продолжат постапката за тендер и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови. Како […]

Уреден зелен плоштад кај „Млин Балкан“


  Скопјани од денеска можат да се релаксираат и да се дружат на отворено на уште еден уреден зелен сквер, кај поликлиниката „Идадија“, во центарот на Градот. На локацијата кај „Млин Балкан“ целосно се преуредени површините на предниот и на задниот парк. Делот на паркот кој е лоциран пред амбулантата е уреден за максимално да […]

Николовски: Со Законот за потекло на имот го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот


Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што првпат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, […]

Денеска се регистрирани 234 новозаразени, починале 25 пациенти, оздравеле 786


Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на Ковид 19 во: -Скопје 83 -Куманово 27 -Битола 16 -Тетово 14 -Струмица 13 -Штип и Виница по 9 -Кичево 7 -Прилеп и Велес по 6 -Гостивар, Струга и Кочани по 5 -Охрид 4 -Радовиш, Крушево и Демир Хисар по 3 […]

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија


Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предложените измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, во прво читање, со кои се пролонгира за пет години примената на овој закон, како и Предлог законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, а кој пак овозможува легализација на […]

Филипче повторно побара опозицијата да не го кочи законот за изградба на нов клинички


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја повика опозицијата да го одблокира донесувањето на новиот Закон за клинички центар, за кој има поднесено 2.000 амандмани, бидејќи граѓаните заслужуваат нов и модерен клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот. Тој рече дека од членот на […]

Загадувањето во Скопје се намалува константно и без атмосферските фактори


Во рамки на активностите на Град Скопје, Владата на РСМ и општините во главниот град, според последните анализи изготвени врз основа на официјалните податоци за квалитетот на воздухот и животната средина, бројките покажуваат стабилно намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Драстични промени во просечната температура во изминатите шест години нема; средната температура во […]

Дигитализацијата е давање шанса на развојот, учебници ќе има


Премиерот Зоран Заев од Тетово повторно порача дека учебници ќе има покрај нивните дигиталните форми, а процесот на дигитализација е давање шанса на развојот. Осовременувањето на образованието, според премиерот, е важно и за лицата со посебни потреби. -Уште еднаш сакам да потенцирам дека давајќи му шанса на развојот не треба да правиме драма од се. […]

Заев очекува Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ


Премиерот Зоран Заев во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“ истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато.  –Се што стои по меѓународното право ќе преземемe и не […]

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини


Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини. Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека  сите работи се кажани и објавени јавно. Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за […]

Филипче се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската „Синофарм“


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се вакцинираше против Ковид-19 со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“. – Денеска ја примив вакцината на „Синофарм“. Буквално сите вакцини се безбедни за употреба. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на […]

Шекеринска: Ги делиме евроатлантските вредности, се адаптираме на промените, ја штитиме колективната безбедност


Во рамките на работната посета на Италија, министерката Радмила Шекеринска го посети Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, каде пред слушателите на напредниот курс, говореше на тема „Искуствата од првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“. -Северна Македонија и сојузниците во Алијансата споделуваат исти, заеднички вредности и принципи – демократија, човекови права, владеење […]

Повеќе здравствени домови ќе станат енергетски ефикасни


Здравствениот дом во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен и Свети Николе, како и поликлиниката „Идадија“ и Институтот за физикална медицина во Скопје ќе станат енергерски ефикасни откако Светска банка обезбеди 46,5 милиони евра за два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор […]

Паолучи: Недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму


Иако пристапот  до образованието е подобрен, квалитетот на образованието и натаму е предизвик како што е потврдено од резултатите на учениците во Македонија на меѓународните тестирања, дека недостатоците почнуваат рано во основното образование, а опстојуваат понатаму, истакна директорот на Светска банка (СБ) во државава Максимилијано Паолучи на денешната презентација на проектот за унапредување на основното […]

Со 46,5 милиони долари од Светска банка ќе се реализираат проекти за енергетска ефикасност и за унапредување на образованието


Со 46,5 милиони евра обезбедени од Светска банка ќе бидат реализирани два проекта значајни за економскиот развој на земјата. Станува збор за проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и за унапредување на основното образование кои се дел од четиригодишната рамка за партнерство со Светска банка, вреден 420 милиони долари. Договорите за двата проекта се […]

Потрошени парите за субвениции за велосипеди


Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен. Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 година и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и […]

Со пари на Светска банка ќе се подобруваат условите во образованието


Со повеќе од 20 милиони евра, пари на Светска банка, ќе се подобруваат условите во основното образование, најади денеска министерот за економија Фатмир Бесими. Како што појасни, парите ќе се распределат во неколку компоненти, односно, 15,1 милиони евра за подобрување на условите во училиштата, 1,9 за реформа на следење на учењето, 2,9 зајакнување на капацитетите […]

(Во живо) Бесими, Царовска, Филипче и директорот на Светска банка во Македонија


Прес-конференција на МФ Бесими, директорот на Светска банка во РСМ Паолучи, МЕ Бектеши, МОН Царовска и МЗ Венко Филипче… Се промовираат два проекти за енергетска ефикасност во јавниот сектор и унапредување на основното образование.