Стипендии за првачиња со попреченост од Карпош


Сите родители на ученици со попреченост во општина Карпош, чии деца ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година ќе можат да аплицираат за месечна стипендија од 50 ЕУР во денарска противвредност. Основната цел е да се пружи поддршка на семејствата со деца со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување. […]

Кумановци шест години по „Диво насеље”: Да не се повтори и да не се заборави


Денеска се навршуваат шест години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Куманово се сеќава на 9 и 10 мај 2015-та година. Жителите на населбата „Тоде Мендол“ или популарното „Диво насеље“, денеска веќе живеат нормален живот исполнет со предизвици предизвикани од пандемијата и тековните животни радости и проблеми. […]

Денот на Европа 9 Мај и годинава се одбележува во екот на пандемијата, но со бројни онлајн активности


Денот на Европа 9 Мај и оваа втора година по ред се одбележува во екот на пандемијата на Ковид-19. Поради рестрикциите, во Брисел и годинава нема да бидат отворени вратите за прослава на Денот на Европа, но нема да изостанат многубројните онлајн активности, меѓу кои и онлајн дебати со амбасадорите на Европската Унија. Денот на […]

Ден на победата над фашизмот


Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната […]

Стивнува ли заразата – вчера позитивни шест отсто од тестираните, до неодамна беа и над 25 отсто. Вакцинацијата зема замав


Бројките покажуваат стивнување на епидемијата со коронавирусот. Вчера од направени 3.108 тестирања само 198 биле позитивни, што е шест отсто од тестираните. Пред извесно време тој процентот се движеше над 25. Се намалува и бројот на починати. Вчера се регистрирани 12 лица кои не ја добиле битката со Ковид-19. Најмладиот е на 37 години од Крушево. Регистрирани […]

Сончево и топло до 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

Протести на разединети полициски синдикати со исти барања


Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Оттаму се спротивставија на, како што неофицијално дознале, […]

Под 200 случаи на зараза од 3.108 тестирања, починати 12 лица


Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 12 починати лица, а оздравени 333 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Од новозаразените, во Скопје се 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – […]

Вакцинирани над 97 илјади граѓани, повеќе од 250 илјади се пријавиле на „vakcinacija.mk“


Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани, […]

СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи Клиничкиот центар


СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека не се откажуваат од блокада на законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години. -Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски,  со лаги, конструкции и преку парцијални документи го саботира овој закон и […]

Пораст на температурата во наредните денови, в среда попладне локално дожд и грмежи


Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда, претежно во попладневните часови, ќе има локални врнежи од дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Како […]

Во болниците низ земјава има 806 ковид-пациенти, 340 се во Скопје


Вкупно 806 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ целата земја – 340 во Скопје и 466 во болниците во другите градови. Има околу 864 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, Тетово – 11,  Велес –  59, во […]

Милевски: Го подобруваме квалитетот на животот на лицата со посебни потреби преку социјализирање и инклузија во Југоисточниот регион


Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи министерот за […]

Карпош со повеќе пари за зеленило и јавна хигиена


Со измените на буџетската Програма од областа на екологијата и енергетската ефикасност, општина Карпош повеќекратно ги зголеми средствата за подигнување на зелени површини, хортикултура, јавна хигиена, обновување и одржување на урбана опрема, реквизити по детски и спортски игралишта. Поточно, на 56. седница на Советот беа направени неколку измени. Така, за подигнување на нови тревни површини, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска нема ни ден стаж како судија, но има во политиката


ВМРО-ДПМНЕ повторно реагира на изборот на Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет, што според нив е уште еден показател дека власта  максимално го партизира судството. -Црвенковска нема ниту еден ден стаж како судија , а ќе раководи со тело кое одлучува за избор и именување на судии во Македонија.Истата таа Црвенковска можеби нема искуство […]

Ивана Петровска од Тетово-меѓу ретките научници кои ја истражуваат планетата Земја, добитничка на „Инженерски прстен“


Младата тетовчанка Ивана Петровска е меѓу ретките луѓе во С. Македонија која се занимава со истражување на површината на планетата Земја преку слики од сателитски платформи, вклучувајќи ги тука и продуктите на американската вселенска агенција НАСА. Таа е магистер по технички науки од областа на геодезијата и специфичните истражувања ги спроведува како стручен соработник на […]

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина


„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај –  Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија.  – Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера […]

Сончево со променлива облачност и ветровито со пониски температури


Времето во земјава претпладне же биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува  умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 км/час кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови […]

Вакцинирани 100.000 граѓани, заинтересираноста за вакцинација се зголемува


Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, истата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцина вчера прими министерот за здравство, Венко Филипче, кој посочи дека одлучиле Владата да биде една од институциите […]

Охридско Езеро и Студенчишко Блато номинирани како трето и најголемо Рамсар место во државата


Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се […]