Почина новинарот Зејнула Весели
По тешко боледување, вчера попладне почина новинарот Зејнула Весели.
Во својата новинарска кариера, Весели главно работеше во печатените медиуми на албански јазик. Освен темите од економија, Весели долги години известуваше и за случувањата во Собранието.
Омилен меѓу колегите – новинари, Весели беше одличен познавач на економските прилики во државата, присутен на речиси сите позначајни настани кои што се организираа или се случуваа кај нас.