Сончево и потопло 


Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Мерко повторно тврди дека во Струга нема дивоградби


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, во гостувањето во емисијата „Топ Тема” на „Телма Телевизија” вели дека нема дивоградби во Струга.   – На 3.3.2011 се донесе закон за легализација на бесправно изградените објекти и секој има право да поднесе барање за легализација, тоа зависи од тоа дали ќе го прифати Советот на општината или не. […]

Од утре се укинува полицискиот час


Владата на Република Северна Македонија на денешната 79-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на […]

УПОЗ бара покачување и на платите на вработените во судовите, а не само на судиите


Синдикатот на УПОЗ денеска со соопштение реагира на вчерашната најава за зголемување на платите на судиите при што посочува дека немаат ништо против тоа, но оти сметаат дека зголемувањето на платите на вработените во судовите треба да биде поголемо од тоа на судиите, бидејќи, како што нагласуваат, разликата меѓу платите на едните и другите е […]

Ќе се обновува пешачката зона во Порта Влае


Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев денеска го потпиша договорот за регулирање на меѓусебните права и обврски, во врска со изведба на проектот: „Партерно уредување – реконструкција на пешачка зона (платформа) на станбено – деловен комплекс – Порта Влае (прва фаза)“. Во првата фаза од реконструкцијата, ќе бидат реконструирани 6.000 м2 површина од плочникот во […]

Утре продолжува уривањето на галијата во Вардар


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информираше дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин“. Уривањето на галијата во Вардар пред месец и половина беше стопирана поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот. Бродовите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело […]

Заразени уште 29 луѓе со корона вирус, нема починати


Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од: • Скопје – 9 • Кичево – 5 • Куманово и Тетово – по 4 • Прилеп и Охрид – по 2 • Штип и Струмица – по 1. Нема починати лица. Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: […]

Стефоска: Испративме писмо за интерес за новата програма на ЕУ за култура


 Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ се одржa денеска во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“) која учествуваат претставници од организации поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан. На настанот се обратија министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот […]

Законот за државјанство во Парламентот со европско знаме?


Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов се во тек консултации дали има можност законското решение за државјанство да биде повлечено од Собранието и повторно да биде испратено, но, со европско знаме, доколку тоа е согласно одредени директиви и регулативи на Европската унија. – Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на […]

Алтернатива и Алијанса: Подмирувањето на општинските долгови е стимулирање на неспособноста и корупцијата


Алтернатива и Алијанса за Албанците реагираат на најавата на премиерот Зоран Заев дека се обезбедени 50 милиони евра за исплата на долговите на општините кои тонат. -Да беше прв и единствен пат и да се случеше со цел единиците на локалната самоуправа да станат функционални, ова би било одлична вест. Но, со оглед на тоа […]

Град Скопје се заложи за поголема грижа за слепите лица


Заради поефикасно остварување на социјална грижа за слепите лица, нивна поголема мобилност, вклучување во општествените текови и јакнење на социјалната сигурност, денеска во просториите на Град Скопје се потпиша меморандум помеѓу Град Скопје и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија. – Со овој меморандум Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија се […]

Кацарска најавува максимална отвореност на Уставниот суд


Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони, изјави денеска претседателката на […]

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми каже како да работам


За случајот „27 април“ се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените […]

Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „Астра Зенека“ од Грција


Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека пристигна донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“ од Грција. – Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „Астра Зенека“. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се […]

На инфективните оддели се лекуваат 96 пациенти со Ковид-19


Вкупно 96 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 460 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центар во Скопје е хоспитализиран еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

Општина Илинден собра шест тони стакло за рециклирање


Во рамките на учеството во регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, којшто се реализира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и компанијата Пакомак, во општина Илинден се собрани 6 тони стакло. Проектот се спроведува во три држави: Србија,Македонија и Босна и Херцеговина, […]

Карпош поддржува граѓанско учество


Иницијативата за спас и ревитализација на салата „Партизан“, развојот на мобилната апликација „мЗаедница“, мобилните тимови кои ги организиравме со Сојузот на извидници и Црвениот крст, се само дел од неколкуте граѓански иницијативи кои општина Карпош ги поддржа и ги реализираше на локално ниво. Токму за граѓанското учество и поддршката на локални граѓански иницијативи се дебатираше […]

Владата денес одлучува за укинување на полицискиот час, за повеќе гости на свадбите и дозвола за концерти и забави во клубовите


Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и  дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги […]

Во земјава пристигнува донацијата од Грција – 20.000 дози „Астра Зенека“


Вакцините кои Грција ги најави како помош за Северна Македонија, денеска се очекува да пристигнат во Скопје. Станува збор за донација од 20.000 дози „Астра Зенека“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што вчера објави МИА, информацијата од Атина ја потврдија и од Скопје, а министерот за здравство Венко Филипче, синоќа, преку Фејсбук за […]

Тркалезна маса „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на С. Македонија со новинарите и граѓанските организации“


Во организација на Институтот за човекови права (ИЧП) денеска во Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема „Транспарентноста и соработката на Уставниот суд на Република Северна Македонија со новинарите и граѓанските организации“. Целта на настанот, како што информираат од ИЧП, е да се организира дискусија со цел да се елаборираат актуелните состојби и предизвици […]