(Галерија) 45 илјади литри вода во минута и скала од 45 метри: ова е новото повеќенаменско противпожарно возило


Град Скопје доби нова противпожарна скала од 45 метри. Станува збор за повеќенаменско возило кое има пумпа за вода со капацитет од 45 илјади литри во минута, а може да се користи и како кран за подигнување на тежина до четири тона. Противпожарната бригада на Град Скопје, заедно со припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, […]

Богдановиќ смета дека одлуката на Советот на општината била исправна


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево изјави дека со добиеното мислење од Министерството за транспорт и врски излегува дека тврдењата на општината се неоправдани, но оти како општина ќе се потрудат со сите законски можности што им се на располагање, да ја спроведат политиката што ја наметаа и за другите донесени планови. – Согласно […]

Филипче: Одлуката на ЕУ доаѓа по стабилизација на ковид-состојбата во државата, но пандемијата се уште не е завршена


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата. Но, тој предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита. – Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата […]

Анкета на ИРИ: СДСМ води во Скопје, а изедначен е со ВМРО-ДПМНЕ во цела држава


Големата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека на локалните избори наесен ќе се води изедначена битка меѓу двете главни партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а сличен ќе биде натпреварот и во албанскиот блок меѓу ДУИ и АА. Според анкетата, доколку изборите биде одржале сега (анкетата е правена во март) и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат […]

Општина Центар не доставила правилни елаборати, ДУП-от кај „Холидеј Ин“ не може да се суспендира


 Елаборатите за суспензија што ги поднесе Општина Центар до Министерството за транспорт и врски не се изготвени во согласност со одредбите на Законот за урбанистичко планирање. Доставените елаборати исто така не содржат конкретни податоци со кои се докажува штетата врз јавниот интерес што е воочена во текот на спроведувањето на планот, оценила Комисијата при Министерството […]

Избрани победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021


Здружението за социјални иновации „АРНО“ денеска ги прогласи победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021. За најдобри без избрани идеите: „Прва библиотека за играчки“ на Горјана Боневска, „О-круг: Производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал“ на Марија Бургиева и идејата „Мини Ирина Тошева“ на модната дизајнерка Ирина Тошева. Идејата на  […]

Димитров: Младите треба да бидат вклучени во општествените процеси и креирањето политики


Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија. Вицепремиерот Димитров […]

Во април издадени за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба од април лани


Двесте триесет и три одобренија за градба се издадени во април годинава со кои е предвидена изградба на 233 објекти со предвидена вредност од 3.449.894 илјади денари. Според податоците на Државниот завод за статистика во април 2021 година се издадени  за 34,7 отсто повеќе одобренија за градба во однос на истиот месец од претходната година, […]

Продолжува добриот тренд: Нема починати од КОВИД, нови 15 случаи и 14 оздравени


Нови 15 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа, 14 пациенти оздравеле, а починати нема, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.802 тестирања, а од новите случаи пет се во Кичево, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1. Регистрирани се и 14 оздравени пациенти: од Скопје – […]

МЗ: Вчера се аплицирани 5.611 вакцини


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 263.083 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани, […]

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година


Министерството за внатрешни работи информира дека пасошите на граѓаните, чија важност истекува по 31 јули 2020 година, ќе продолжат да важат до 31 декември 2021 година.   – Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 […]

Пуштена во употреба нова современа детска градинка во Шуто Оризари


Нова детска градинка  „8 Април“ со капацитет да згрижи над 300 деца беше пуштена во употреба денеска во општината Шуто Оризари. Таа е енергетски ефикасна, зелена и инклузивна, односно во неа ќе можат да бидат згрижени и дечиња кои имаат некаква попреченост. Дополнително, во состав на градинката ќе функционира и дневен центар за деца од […]

ИРИ: Македонските граѓани сакаат во ЕУ, но се помалку веруваат дека тоа ќе се случи


Пристапувањето во Европската унија има 79 проценти поддршка од јавноста во земјава. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Северна Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година – кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57 на 32 проценти, покажуваат резултатите на истражувањето Центарот за […]

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна


Состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај од вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска. Согласно ова таа најави дека доколку епидемиолошката состојба и натаму е стабилна може да се размислува […]

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст


 Во следните два дена во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Се најавува дека температурите ќе бидат во постепен пораст, кои ќе се движат од 10 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР. Од УХМР информираат дека […]

Се асфалтира булеварот „Никола Карев“ во Скопје


Екипите на Град Скопје почнаа со асфалтирање на булеварот Никола Карев, кој се проширува и реконструира на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Деновиве се поставува носечкиот слој асфалт на проширениот дел од овој нов булевар, а асфалтирањето ќе продолжи и во наредниот период.  На терен се работи на траса долга околу […]

Спасовски: Вработените во МВР кои оствариле прекувремена работа ќе добијат по 27.182 денари бонус


На 4 471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, денеска ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. Како што соопшти на својот фејсбук-профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за оваа намена од буџетот на МВР се […]

Јавниот повик за издавање ваучери за одмор заврши денеска, пристигнати над 2600 апликации


Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија. Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање […]

„Автопатот со факти наспроти беспаќето на опасните дезинформации“ – јавен настан на ЦИВИЛ


Колку се опасни дезинформациите и говорот на омразата за безбедноста и стабилноста на државата, дали институциите имаат капацитет за справување со злонамерните дезинформации, колку и на кој начин можат граѓанските организации и медиумите да се вклучат во заштитата од злонамерните дезинформации и хибридните закани, се само дел од прашањата што ќе бидат отворени на денешниот […]

Олеснети ковид мерките, прославите со неограничен број гости, а ќе се организираат и концерти и забави


Од денеска целосно се укина полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица. […]