Се запали градски автобус кај комплексот банки во Скопје, повредени нема


Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат. Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот. – Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување […]

За Задушница посебен сообраќаен режим


Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот […]

Град Скопје: На 20 и 21 јуни ќе се прска против комарци


На 20 јуни (недела) и 21 јуни (понеделник), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се врши во истиот термин, првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови“, […]

Првата дама Ѓоргиевска ја посети Народната кујна во општина Шуто Оризари


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска ја посети Народната кујна во општина Шуто Оризари, при што се запозна со реализацијата на иницијативата на оваа општина за подготовка и дистрибуција на топли оброци за социјално ранливите категории на граѓани.   Во кујната што е во рамки на детската градинка „8-ми април“ секојдневно се подготвуваат по два […]

Шекеринска: Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки


– Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска која учествуваше на панел дискусија на форумот ГЛОБСЕК во Братислава, заедно со […]

Пендаровски на самит на ПСЈИЕ: Интегрирањето на Западниот Балкан е во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што во рамките на турското претседавање се одржува во Анталија, Република Турција. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, нагласувајќи ја важноста од регионалната соработка, претседателот во своето обраќање истакна дека, […]

Спасовски на увид на градежните активности на патот Куманово – Страцин:Првпат се вложува по 50 години


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми извршија увид во работите на рехабилитација на магистралниот пат Куманово – Страцин. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнал дека на овој патен […]

Само 10 новозаразени, нема починати со Ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1. Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и […]

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост


Пандемијата само ги интензивираше и ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост, нивните родители и лицата што се грижат за нив а дека државата сѐ уште заостанува во исполнување на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, е заклучокот од денешната презентација на анализата посветена на ефектите, […]

МЗ: Вчера аплицирани 4.299 вакцини


Министерството за здравство информира дека вчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани. -Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, велат од […]

ДКСК: Нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев


Антикорупциската комисија смета дека нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев, за кој ВМРО – ДПМНЕ тврди дека е член на партијата на пензионерите која пак е коалициски партнер на СДСМ. Во образложението, Антиокорупциска наведува дека политичката определба не може да биде критериум за разрешување на поротник од функцијата. Комисијата упати апел […]

Светски ден на суша – Македонија се уште нема национален план за прилагодување кон климатските промени


Земјава се уште нема национален план за прилагодување кон новите услови на живеење кои ги предизвикува климатската криза. Ваков план би требало да обезбеди една институција, која ќе биде одговорна за координација на активностите за прилагодување кон климатските промени, наместо растуреност и дисперзија на надлежностите меѓу повеќе институции како што е  случајот во моментов. Овој […]

Битолскиот гасовод уште неизграден ја пламна политичката клима во градот


Општината работи на проектите и ги чека насоките од Владата за гасификацијата на целата држава, опозицијата обвинува дека градските власти се откажале од проектот   Анета Блажевска БИТОЛА – Општина Битола не се откажува од изградбата на гасоводот, само ја намали сумата за инвестирање за годинава. Ова е одговорот на општината откако опозицијата обвини дека […]

Десет пациенти хоспитализирани во изминатите 24 часа поради компликации од Ковид-19


Десет пациенти се хоспитализирани поради компликации од корона вирусот во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава. Во Скопје е примен еден пациент и девет пациенти во болниците низ земјава. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти.   Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно […]

Ковид кризата не го „Уби“ угостителскиот дух


Заздравувањето на економијата од Ковид кризата се одвива мошне бавно и несигурно, а последиците кои беа предизвикани од неа влијаат на растот на БДП и на зголемувањето на дефицитот и јавниот долг. Кризата сепак најмногу ги погоди угостителските објекти, а тие незадоволството го искажаа со многубројни протести и барања. На седницата која беше одржана на […]

Гумени чизми за градоначалникот Жика Стојановски


Повеќе жители на населбата Јака во Општина Илинден, денеска излегоа на протест пред општинската зграда и бараат да им бидат асфалтирани улиците. Гумени чизми врзани со црвена панделка се оставени пред општинската зграда за градоначалникот Жика Стојановски, алудирајќи на условите во кои со години живеат граѓаните на оваа населба, а во врнежливи денови мора со […]

Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19. НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“


По успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, земјава на есен ќе биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ). На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање […]

Аеродромци и денеска навиваат во паркот„Нирнберг“


Општина Аеродром и денеска организира пренос за групно следење на фудбалскиот натпревар меѓу нашите репрезентативци против Украина, кој ќе се одигра во 15 часот во Букурешт, во рамките на Европското првенство. Натпреварот ќе биде пренесуван на голем екран, кој е поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе стартува програма […]

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Петок 18 јуни е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед. Станува збор за празникот Духовден кој верниците го слават во чест на починатите, а по него ни следува споен викенд дури на почетокот на месец август. Духовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од […]

Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на форумот „GLOBSEC“ во Братислава, каде ќе има и одвоена средба со словачкиот колега, Јарослав Над. Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема „НАТО 2030 – како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на […]