Променливо облачно со северен ветер, од четврток значително потопло


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе […]

Скопје доби ново одбојкарско игралиште во Аеродром


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го пушти во употреба новото одбојкарско игралиште на песок на кејот на Вардар кај мостот Близнак во Аеродром. – Во изградбата на ова игралиште се вложени околу 3 милиони денари од Буџетот на Град Скопје, а истото беше изведено во рекордно краток рок со цел пред почетокот на летото […]

Пристигнаа уште 12.870 дози од вакцините на „Фајзер“


Нови 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигнаа денеска во земјава од редовната пратка што Македонија ја добива секој понеделник.Министерството за здравство соопшти дека 8.190 дози од нив се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).   Во земјава утре треба да пристигнат и 20. 000 вакцини […]

Германија сепак затворена за македонските туристи


Македонските граѓани, се уште не можат да патуваат во Германија како туристи. Ова го соопштија денеска од Меѓународниот аеродром во Скопје извинувајќи се за информацијата што ја објавиле во саботата кога информираа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини. „Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација […]

Се расчистува депонијата во Рашче


Градот Скопје од денеска ја расчистува големата дива депонија на влезот во село Рашче. Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад. – Нашата цел е да спречиме повторно создавање на депонијата и да спречиме палење и загадување на амбиентниот воздух. Градот Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви […]

Постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто


Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто. -По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба […]

Регистрирани само четири новозаразени, тројца од Скопје, еден од Прилеп


Во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случај на Ковид-19 од: • Скопје – 3 • Прилеп – 1. Пријавено е едно починато лице: од Скопје (66г).   Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: • Скопје – 8 • Куманово – 3 • Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – […]

Со турнирот „Аеродром опен 2021“ се отвора новото одбојкарско игралиште на песок


Општина Аеродром добива ново одбојкарско игралиште на песок што се наоѓа на кејот од реката Вардар, во непосредна близина на хотелот „Хилтон дабл три“.  Ова игралиште е со должина од 25 метри и широчина од 16 метри и ги исполнува сите неопходни стандарди за одигрување домашни и меѓународни натпревари.  Игралиштето, кое е придружено со трибински […]

Утре во Скопје пристигнуваат вакцини од Грција


Вакцините кои Грција ги најави за Северна Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина. Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе […]

Постигната согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти до 2022 година


Владата и Здружението на судии постигнаа согласност за зголемување на платите на судиите од 15 проценти. Десет проценти оваа година, а пет години следната, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Ова зголемување, нагласи Маричиќ, очекуваме да важи и за судските службеници, а ќе се разговара и за јавните обвинители. Тој најави дека ќе се […]

За непрописно престигнување 188 санкции во цела држава, една третина на подрачје на СВР Тетово


На територијата на цела држава вчера полицијата спроведе акциска контрола за непрописно престигнување при што се санкционирани вкупно 188 возачи. Од нив нешто повеќе од една третина или 69 казни се евидентирани на тетовско-гостиварското подрачје. -Вчера во периодот од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање […]

Дел од Стајковци денеска без вода


Без вода денеска од 11:45 часот се корисниците од улицата „11/46“ во Стајковци во Општина Гази Баба. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 милиметри на улицата „11/46“ во Стајковци. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Нуредини: Наша препорака е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се домови на жители


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска истакна дека препорака на ресорното Министертсво е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите кои се дом на жители. – Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби. Јасно е укажано дека без дезвола од МЖСПП каде што ќе се предвидува и постоење […]

Посвежо до среда, од четврток пораст на температурите


Посвежо време наутро, а преку денот променливо облачно ќе преовладува до среда, а од четврток ќе има значително повисоки температури, но со услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Од УХМР најавуваат дека особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Утре утринските ќе се движат од три до 14 степени, среда од 6 до […]

Сто и осум лицa не носеле маска, 20 не го почитувале полицискиот час


Ноќеска од 00:00 часот до 04:00 часот констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Од МВР, пак, информираат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 108 прекршоци.

Обезбедена нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во „Охис“


Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-метематичкиот факултет денеска беше презентирана нова опрема која ќе служи за мерење на загаденоста на воздухот и почвата за време на процесот на чистење на останатиот линдан и неговите изомери во фабриката „Охис“. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини нагласи дека му […]

ИДУЕП со три конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку дигитализација на услугите


Според анализите за присуство во медиумите, дигиталната агенда и дебата стануваaт сè поактуелни во платформите и настапите на општествено-политичките чинители на сите нивоа, а истовремено голем број од нив мислат дека е потребна одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и […]

Помалку од 100 пациенти во клиниките се лекуваат од Ковид-19


Вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови и има околу 550 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје е хоспитализиран еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 34 лица сомнителни […]

Столтенберг: Членството на Северна Македонија и Црна Гора е доказ дека вратите на НАТО се отворени


Пред почетокот на денешниот Самит на НАТО, генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг утрово се осврна на клучните теми кои ќе бидат на маса на лидерите на земјите членки и повтори дека Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова прв Самит со учество на Северна Македонија како […]

(ВИДЕО) Почна уривањето на платформите во Струга


Артан Груби, Јетон Шаќири и Рамиз Мерко денес беа во Струга за да направат увид на уривањето на платформите на овој дел од езерото, откако таква акција почна во Охрид. И пред да дојдат тамошните концесионери на плажи започнаа сами да ги отстрануваат платформите поставени во Охридското Езеро бидејќи во петокот добиле решенија за нивно […]