Ордени за четворица врвни луѓе кои создадоа нови вредности во македонското општество (галерија)


Претседателот Стево Пендаровски денеска врачи Орден за заслуги за Република Северна Македонија за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими (постхумно) и за Живко Мукаетов   Пријатели, поддржувачи на нивното дело, членови на семејствата денес присуствуваа на свечената церемонија во вилата на Водно каде претседателот Стево Пендаровски  ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, […]

Летно кино на отворено кај Школка со проекција на филмот „Пинокио“


Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот- кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20.30 […]

Општина Центар ќе одредува колку ќе се пуштат терасите на кафулињата


Советот на Општина Центар ја усвои Одлуката за утврдување на условите, начинот и постапката за издавање одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор на територијата на Општина Центар. Со донесувањето на Одлуката, Општина Центар станува активен фактор во заштитата на јавните површини во реоните на Дебар Маало 1 и 2, Парк и Мал Ринг. […]

Крушево очекува да биде сертифициран како здравствено безбедна туристичка дестинација


Крушево очекува да добие потврда, како соодветен сертификат дека е  здравствено безбедна туристичка дестинација за европските туристи.  Експерти од Европскиот совет за туризам и за трговија ќе го посетат Крушево за да ја проценат состојбата со градот како туристичка дестинација и да ја сертифицираат како здравствено безбедна во европски рамки. Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, […]

УХМР: Претстои стабилно време, особено топло кон средината на идната недела


Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец […]

Удар за обвинителството: Мијалков и „алфите“ ослободени за апсењето на Љубе Бошкоски


Обвинителите од поранешното СЈО денеска го доживеаја еден од поголемите порази откако судот ги ослободи од вина поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на единицата „Алфа“ во процесот за апсењето на Љубе Бошкоски, лидер на партијата Обединети за Македонија. Ваквата пресуда на судијката Александра Ристеска на некој начин се очекуваше откако пред […]

Дел од населбата Припор без вода


Корисниците од прва зона во населбата Припор денеска од 10 часот имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев – крак 20“ бб, во близина на училиштето. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до отстранувањето на дефектот.

„Гнездо“ и „Интермецо“ казнети за бучава


Кафулињата „Гнездо“ и „Интермецо“ во Центар, предизвикувале бучава поголема од дозволеното, па Општина Центар им издаде Решение за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжува со контролите на гласноста во угостителските објекти во Општина Центар.  Овластените општински инспектори за животна средина, […]

Автобусите на ЈСП од „Веро Џамбо“ до железничка ќе возат преку Феријален


Ве информираме дека денеска, петок (23.07.2021 година) по 17 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од семафорите кај „Веро Џамбо“ до семафорите пред Транспортен центар, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока на Транспортен центар/Ново Лисиче/населба Лисиче и слично, ќе имаат […]

Северна Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната


Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета. Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на […]

УНЕСКО денеска ќе расправа за Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство


Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство […]

Активни 214 случаи на Ковид-19, теренската вакцинација продолжува на 60 населени места


Епидемиолошката состојба со Ковид-19 засега останува стабилна. Како што соопшти вчера Министерството за здравство во деноноќието меѓу средата и четвртокот биле регистрирани 17 нови случаи на заболени од Ковид-19, а во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која денеска ќе се одвива во 60 населени места во државата. Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на […]

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со „Орден за заслуги за државата“


Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“ ќе ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и […]

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. […]

МВР ќе издава готови лични документи и за време на викендот


Готови лични документи ќе се издаваат  за време на претстојниот викенд, во објектот во Македонската Радио Телевизија и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров во информира Одделението за управни работи, при Министерство за внатрешни работи. Со работно време од 8 до 16 часот, в сабота ќе се издаваат лични карти во објектот во Македонската […]

Половина од возрасните жители на ЕУ се целосно вакцинирани


Двесте милиони Европејци се целосно вакцинирани со две дози против Ковид-19, или повеќе од половина од возрасната популација, соопшти Европската комисија. Комисијата постави цел вакцинирање 70% од возрасните граѓани на ЕУ ова лето. Портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, рече на брифинг со новинарите во четвртокот дека 54,7 проценти од сите возрасни во ЕУ биле […]

Кои се критериумите да се добие државјанство според новиот закон


Тензично во Собранието при утврдувањето на дневниот ред за седницата   Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка е една од точките на дневниот ред на 47-та седница на Собранието. Министерот за правда Бојан Маричик образложувајќи за потребата од донесувањето на законот за државјанство рече дека повеќе […]

Почина скопјанец со Ковид-19, 17 новозаразени


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1. Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно […]

За државјаните на трите земји од „Мини Шенген“ ќе има посебни ленти на границите


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешниот видео разговор со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, на новинарите во Крагуевац им најави дека на претстојниот регионален Економски форум во Скопје на 28 и 29 јули ќе бидат потпишани три договори, дека ќе се смени името на иницијативата „Мини Шенген“ и […]

Обновен кејот „Кај жабарот“


Шеталиштето пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата е целосно реконструирање. – Станува збор за еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, каде што имаме еден од наубавите дрвореди во Скопје, но, за […]