Скопје доби втора тартан патека во Градскиот парк


По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти. – Новата […]

Со новиот булевар „АСНОМ“, Аеродром ќе се поврзе со центарот на градот


Почнаа градежните работи на третата фаза од капиталниот проект за изградба на булевар „АСНОМ“, со која се опфаќа изградба на булевар на потег од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на поранешен „Пролетер“ во населбата Керамидница. – Согласно проектот оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри, […]

Фото: Падна дрво во Дебар Маало, повреди дете и оштети возило


Во скопската населба Дебар Маало, во близина на основното училиште „Коле Неделковски”, вчеравечер паднало дрво и лесно повредило дете и оштетило паркиран автомобил. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека детето минало со гребаници и без тешки повреди. Тој информира дека  дрвото изгледало здраво, но дека имало исушени корени, нешто слично како и дрвото […]

Нови 37 случаи на Ковид-19, најмногу во Тетово


 Во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на Ковид-19, од направени 4.264 тестирања. Оздравени се вкупно 10 пациенти, а нема починати пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи во Тетово се 13, во Скопје 12, во Велес 3, во Гостивар, во Прилеп и Струмица по […]

Заев: Каква и да е одлуката на УНЕСКО Охрид и Охридското Езеро се нашето богатство што мора да го чуваме


Независно каква ќе биде одлуката на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, тоа е нашето културно наследство, природно богатство кое што мораме да го чуваме. Тоа го истакна претседателот на Владата Зоран Заев кој денеска беше во работна посета на Охрид. […]

Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза


Во Врање од почетокот на вакцинацијата досега со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Како што денеска соопшти Здравствениот центар во овој град, до 23 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини […]

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен


УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места ќе биде 40 степени. Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24. За денеска […]

Од понеделник пријавување за вакцинирање против Ковид во домашни услови


Министерството за здравство соопшти дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против Ковид на вакцинален пункт, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. […]

Мицкоски реагира: Советничка на Заев предложена за член на Судскиот совет


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира на предлогот за член на Судски совет тврдејќи дека станува збор за советничка на премиерот која сега се преставува како независен експерт. -Еве зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство. Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа. И […]

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје и годинава со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога градот се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Традиционално во понеделник, на 26 јули, во 10 часот пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во […]

Зибери: Функционерите треба јавно да објаснат зошто не постапуваат по препораките на Народниот правобранител


Ресоцијализацијата и образовниот систем за малолетниците сместени во Воспитно поправниот дом Тетово е најголем проблем, вели Зибери   Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за МИА вели дека најголем проблем е ресоцијализацијата и образовниот систем за малолетниците сместени во ВПД Тетово. Парцијалното решавање на овој проблем или народски кажано обезбеденото образование колку да се каже […]

Рекорден број вакцинирани во еден ден, активни 265 случаи на Ковид-19


Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови. Воедно, апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот. Од Министерството за здравство информираа дека во изминатото деноноќие биле регистрирани 36 нови случаи на заболени од Ковид-19. Во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која […]

Сончево со мала облачност, температури до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево со […]

Бочварски: Експресниот пат Штип-Кочани е пат кој ќе даде економски бенефит и развој на целиот источен регион


 Експресниот пат Штип-Кочани или Крупиште-Кочани, е пат за да даде економски бенефит и развој на целиот источен регион и на граѓаните кои што живеат во Чешиново-Облешево, Кочани и во целиот регион, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот дополни дека овој пат е за поголема безбедност, за, како што рече, „да спасиме […]

Д-р Гочевска: Од патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција, 20 се во изолација од кои четворица се позитивни


Од патниците кои пред неколку дена се вратија со автобус во државава по летувањето во Грција, досега 20 има во изолација од кои четири се позитивни, а останатите се контакти. Изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите кои ги имале. Тоа се млади луѓе кои биле на летување во Грција. Ова денеска го […]

Денеска 36 новозаболени, нема починати


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.569 тестирања, а регистрирани се 36 нови случаи на Ковид-19: Куманово – 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: […]

Објавени огласите за вработување 500 образовни асистенти за работа со ученици со попреченост


Огласи за вработување вкупно 500 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година, за кои од буџетот на МОН се обезбедени 59 милиони денари, објавија пет ресурсни центри кои ќе ги опслужуваат сите основни училишта низ државата во кои има ученици со атипичен развој. Асистентите ќе им бидат поддршка на наставниците и нивната улога ќе биде да […]

УНЕСКО им даде на Македонија и Албанија уште две години за „поправен“


Центарот и советодавните тела на УНЕСКО им дадоа на Северна Македонија и на Албанија дополнителни две години да постапуваат по препораките содржани во Реактивните мисии на Комитетот за Светско наследство на ОН, за да избегнат поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. Комитетот за Светско наследство при Организацијата на […]

УНЕСКО оцени дека нема прогрес околу заштитата на Охридскиот регион, одлуката се чека


Комитетот за светско наследство при Организација на Обединетите нации, иако оцени дека имало напори од страна на Македонија и Албанија да се заштити регионот на Охрид за да не биде прогласен за загрозено културно и историско наследство, смета дека тоа што било направено – не е доволно. Затоа, од двете земји се бара да го […]

МЗ: Вакцинацијата урива рекорди, вчера аплицирани речиси 20.000 дози вакцини


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а […]