Подобри услови во училиштата, се обновува „Христијан Карпош“ во Куманово


Царовска во Куманово:Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во цела држава Министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за внатрешни работи денеска го посетија ОУ “Христијан Карпош” во Куманово, каде во тек се градежни работа за реконструкција на училишната зграда. Реконструкцијата се прави со средства од Министерството за образование и наука […]

Советот на Европа открил нехигиена, недоволно грижа и тепање во затворите


И покрај малите подобрувања, како што е реновирање на едното крило на истражниот оддел на Затворот „Скопје“ и затворањето на три проблематични крила во „Идризово“, Комитетот на Советот на Европа за спречување тортура и нехуман или понижувачки третман или казна (КПТ), во најновиот извештај објавен во Стразбур, констатира дека сè уште има проблеми во затворите. […]

АХВ ќе промовира кампањи за значењето на означувањето на храната


Со промоција на две кампањи за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната, со фокус на здравствените тврдења и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележува завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и […]

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува, најмногу активни случаи во Скопје и Тетово, надлежните апелираат на масовно вакцинирање


Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.764 тестирања се регистрирани 54 нови случаи со Ковид-19, 12 оздравени и нема починати пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројот […]

Сончево и натпросечно топло со температура до 43 степени


Времето денеска ќе биде  сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од […]

Мицкоски имал лесна сообраќајка во Прилеп


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал лесна сообраќајна незгода во Прилеп, каде денеска ги претставуваше партиските политики. Според информациите, непознато возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски, но освен малата материјална штета, за среќа, нема никакви други последици за патниците кои учествувале во незгодата. После оваа непријатност Мицкоски ја продолжил агендата во […]

Препорака од ЕУ: Не одете на Лефкада, Закинтос и 11 други грчки острови


Грчките острови во јужното Егејско Море се означени со темно црвена боја на картата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Ковид-19 во четвртокот по зголемувањето на инфекциите, што значи дека не се препорачуваат патувања, освен оние што се неопходни. Групата од 13 острови ги вклучува најпопуларните грчки дестинации за странски туристи […]

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство


Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. […]

Град Скопје ќе го награди со 300.000 денари теквондистот Дејан Георгиевски


На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Георгиевски предмалку слета на […]

Пожарникарите гасеа шумски пожар пред Гајре


Четворица пожарникари со само еден камион успеаја да изгаснат пожар на тешко пристапен терен во шумскиот предел над тетовско Гајре. Интервенцијата е извршена во периодот од 13 до 14 часот и 30 минути и на тој начин е спречно да стигне до првите објекти на селото. – За да се спречи ширење на овој пожар […]

ДИК има забелешки на извештајот на ДЗР, повторно ќе ја достави потребната документација


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 11 седница на чиј дневен ред беа неколку точки, меѓу кои разгледување на барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател и член и заменик на Општинските изборни комисии (ОИК), случаен избор на претседател, заменик претседател и член и заменик на ОИК чии барања за изземање […]

Мицкоски ја менува препораката на ОБСЕ – било минимум 1 отсто за независни листи


Поголемите партии изгледа сфатија дека се најдоа во вителот на општото незадоволство од промените во Изборниот законик што сами си ги договорија, па сега бараат начини како да излезат од него. Но со политички фаули и – невистини. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеше дека во препораките на ОБСЕ/ОДИХР стоело дека за независните листи 1 отсто […]

Нови 54 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје и во Тетово


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вВо последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. Регистрирани […]

По 60 години обновено училиштето во Заполжани


Училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани е реновирано по 60 години, а во него, од септември, ќе учат 13 ученици. – Токму тука, 13 деца од оваа учебна година ќе можат да ја следат наставата во нови училишни клупи, со нов прибор, во нови простории комплетно реновирани, саниран кров, како и нови тоалети со воспоставување на […]

Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари добива и атмосферска канализација


Во тек се градежните работи од третата фаза од реконструкција на улицата „Индира Ганди“ во должина од 811 метри. – Ова е и најлошиот инфраструктурен дел во општината, така што очекувам дека кога ќе ја завршиме, од улица „Гвадалахара“ до улица „Нов живот“, комплетно новата атмосферска канализација во општината, што досега ја немаше, и она […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 14.230 граѓани, вкупно вакцинирани 506.033


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а […]

За Ким Мехмети Македонците се „Славомакедонци“, а Еди Рама „сликарот“


Писателот го омаловажува Еди Рама зaшто ја внесува Албанија во Отворен Балкан и се дружи со „словенските колеги“   Балкан Забележливо е дека албанскиот политички кампус во Македонија се однесува дистанцирано од регионалната иницијатива сега официјално наречена „Отворен Балкан“. И на вклучувањето на албанскиот премиер Еди Рама во овој проект. Рама денеска во Скопје запраша: […]

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, […]

Нуредини: УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство


Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово. Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од  човекот во последните 100 години е призната за Светско […]

Се реактивираат мобилните тимови за борба против трговијата со луѓе


Во рамки на одбележувањето на 30 јули – Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, денеска Министерстввото за внатрешни работи, заедно со Министерството за труд и социјална политика и невладините организации, со поддршка на ИОМ, ги реактивираа мобилните тимови за идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Целта на мобилните тимови, […]