Околу еден час се чека за излез од земјава на ГП Богородица


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу еден час. На останатите гранични премини, од […]

Со јавно-приватно партнерство и три катни гаражи за повеќе паркинг-места во Гостивар


Недостигот од места за паркирање во Гостивар ќе се решава со изградба на три катни гаражи во најпрометните делови. Проблемот, кој станува најизразен преку лето, локалната самоуправа планира да го надмине преку моделот на јавно-приватно партнерство. Ако се реализираат плановите, Гостивар в година би имал над илјада паркинг-места. Во Општина Гостивар деновиве забрзано се работи […]

Вакцинацијата се одвива добро, наесен можни рестрикции за невакцинираните


Откако неколку дена по ред состојбата со Ковид-19 беше стабилна, вчера беа регистрирани 74 нови случаи. Сепак, надлежните уверуваат дека нема голем број на пациенти во болниците, а рестрикции се размислува да се воведат само за невакцинираните. Повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври. Нема […]

Портокалов метео аларм, и денеска над 40 степени


Сончевото и многу топло време со температури над 40 степени продолжуваат и денеска, поради што во сила е портокаловиот метео аларм, а се издадени и препораки за заштита на населението. УХМР предупредува дека и во наредните денови во земјава ќе има натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности долж Повардарието за 2 […]

Филипче: Сега не може да се претпостави дали вакцината ќе биде сезонска, повеќе сознанија во септември и октомври


Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираме количините за целата следна година, […]

Спасовски: Над 15 илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради блокада на Законот во Собранието


Проблемот со издавање на лични карти е од сосема друга природа. До денеска околу 15-ипол илјади граѓани не можат да ги подигнат личните карти, заради тоа што Законот за личните карти е блокиран во Собранието. Ние неколкупати инсистиравме во однос на ова законско решение да се донесе, но истото е блокирано со 1.507 амандамни, рече […]

ССНМ и ЗНМ го осудија третманот на медиумските работници на Економскиот форум


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро реагираат за третманот и за цензурата на медиумите, новинарите и фоторепортерите, на вчерашниот Економски форум во организација на кабинетот на премиерот на Владата, во координација со кабинетите на премиерот на Албанија и на претседателот на Србија на кој беше […]

Филипче: Има зголемен број заболени, но ситуацијата е стабилна, можни рестрикции наесен за невакцинираните


Има зголемен број заболени од Ковид-19 во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево, меѓутоа нема простор за паника. Ситуацијата е стабилна, нема голем број пациенти кои се лекуваат во болниците, вакцинацијата добро се одвива и тука ставаме фокус. Размислуваме за рестрикции во есенските месеци по примерот на некои други земји во делот на ограничување на […]

Фабриката за отпад во Неготино е целосно европски и еколошки проект, тврди Заев


Проектот на „Зока енерџи солушн“, за отворање на фабрика за преработка на отпад, на територија на Општина Неготино, односно во близина на термоелектраната во близина на Неготино, одговорно тврдам дека е европски и еколошки чист проект, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поставен од пратеникот Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ. Заев посочи дека тој […]

Царовска: Подготвени сме за старт на учебната година по нова Концепција и со потребните протоколи


Министерството за образование и наука е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година. – […]

Како се разладува Скопје на плус 40 степени Целзиусови?


Веќе неколку дена пеколните горештини во главниот град не попуштаат. Воздухот е врел, а краткотрајниот дожд пред два дена не донесе разладување. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 8 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Aктивирано e портокалово ниво […]

Казна од 3.000 евра за запалена депонија во Велес


На 29-ти јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот. По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор), согласно Законот за […]

МЗ: Вчера вакцина примиле 11.946 граѓани, досега вкупно 510.197 вакцинирани


 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а […]

Филипче: Лекот „Калидеко“ доцни, тој ќе пристигне наскоро во нашата држава


Министерот за здравство Венко Филипче, на пратеничко прашање на пратеникот Кирил Пецаков од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за двомесечното доцнење на лекот „Калидеко“, кој им беше ветен на три болни деца на почетокот на јули, рече дека се надева оти за кратко време тој ќе стигне во нашата држава. – Тој лек е за деца со цистична […]

Заев: Јавната администрација од 165.000 намалена на 132.000 за четири години


Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање. Според Заев, денес може да се каже и дека е направен сериозен исчекор кон департизација на администрацијата. Но, како што порача, реформите за ефикасна, […]

Нови 74 случаи со Ковид-19, двајца починаa


Двајца починати и 74 нови случаи со корона вирус регистрирани се денеска во Македонија. Ова е трет ден бројот на нови случаид а се зголемува за дваесетина случаи. Имено, вчера беа регистриорани 54, а ден претходно 47 новозаболени. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови […]

Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар


По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви. За правното […]

Без вода корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекин во водоснабдување денеска имаат корисниците од улиците „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочија, е стопирање на стара водоводна мрежа на улица „Емил Зола“. Водоснабдувањето е прекинато во 12.20 и ќе трае до […]

Изменет режим за повеќе автобуски линии на ЈСП


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит […]

На Табановце и Богородица за излез од државата се чека еден час


На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, за излез од државата се чека по еден час, а на Ќафасан 15 минути. Како што информира Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Зголемен е и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]