Владимир Туфегџиќ веќе не е судија по негово барање


Судскиот совет на денешната седница констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ, судија во Основен кривичен суд Скопје, по негово сопствено барање. Судијата Туфегџиќ неодамна информираше дека неговата кариера ќе ја продолжи како адвокат во угледна адвокатска канцеларија. Судскиот совет на денешната седница донесе и Методологија со индикатори за утврдување на сложеноста на судските […]

Во Велес девет ученици заразени со корона вирус, во изолација цели класови


По само три учебни денови во новата школска година, девет ученици од велешките училишта се позитивни на корона вирус, а десетици други се во изолација, јави 24Вести. Двајца од заразените се во гимназијата „Кочо Рацин“, па поради нив, невакцинираните ученици од два класа се изолирани. Третиот позитивен средношколец е од средното училиште „Коле Неделковски“, но […]

MABETEX на Беџет Пацоли ќе гради катни и подземни гаражи во Чаир


Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со сопственикот на глобалната компанија MABETEX, познатиот бизнисмен Беџет Пацоли и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска го потпишаа Меморандумот за договор за соработка со стратешкиот инвеститор MABETEX. -Денес означуваме историско поглавје за Општина Чаир, бидејќи токму денес го отвораме патот за стратешка и многу важна инвестиција, […]

ДЗС: Остранети проблемите во апликацијата за попишување


Државниот завод за статистика информира дека денеска во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, оти тие се успешно остранети, како и дека не се должеле на паѓање на интеретот, туку најверојатно на поголемиот број сесии што се одвивале истовремено. Додека траеле техничките прпблеми биле […]

Наќе Чулев тврди дека не знаел ништо за дипломатскиот скандал


Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев, ја префрли целата одговорност за дипломатскиот скандал поврзан со Ерменија на Оливер Спасовски. Чулев реагираше на изјавата на Спасовски дека меѓународната потерница за Миле Миленкоски била распишана кога тој бил технички министер. „Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите […]

Во штипските училишта по еден позитивен или суспектен случај на корона вирусот


Во штипските основни и средни училишта и покрај тоа што има по еден позитивен ученик на коронавирусот или суспектен состојбата не е загрижувачка смета градоначалникот, а воедно и командант на Општинскиот кризен штаб, Сашко Николов. Од Центарот за јавно здравје-Штип информираа дека до денеска имаат регистрирано по еден заразен ученик во основните училишта „Тошо Арсов“- […]

Изменет режим на сообраќај утре во Скопје


Поради подготовки за настанот по  повод Денот на независноста утре почнувајќи од 11 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќајниот режим. – Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11-ти Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов”  до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а […]

Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“


Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на […]

Шилегов ги покажа докумантите за доградбата на куќата


По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов на семејната зграда во Карпош, на диво ѝ додава цели два ката и гради дивоградба за којашто нема ниеден основ за дозвола за градба, денеска тој ја покажа целосната документација и рече дека сѐ е легално. – Мојата семејна куќа во Тафталиџе ја изгради мојот покоен […]

Груби: Корупцијата е пострашен вирус од Ковид


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска, од првиот панел на меѓународната конференција во Скопје порача дека најголемата закана за економиите е корупцијата, а не короната. Почетната основа за економско закрепнување, дополни Груби, е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Корупцијата, истакна Груби, е пострашен вирус и од […]

За една година градинката „Орце Николов“ во Карпош 3 ќе добие нов објект


Започна изградбата на новиот објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. На овој начин, ќе се зголемат капацитетите за згрижување за дополнителни 100 дечиња, кои реонски припаѓаат на оваа предучилишна установа, велат надлежните. Предвидено е отворање на четири групи во кои ќе се згрижат деца од 4 до 6 години. -Во ек на пандемијата […]

Падна системот за попис, проблемот е до интернетот


Имавме проблем со интернет конекцијата, ама не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен, „Телеком“ работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро тоа ќе се отклони и да немаме проблем во работата, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Симовски, денеска […]

Денот на независноста, 8 Септември неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 Септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението

Спасовски: Не бев министер кога била распишана меѓународната потерница по дипломатот


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за македонскиот дипломат  во Србија, рече дека меѓународната потерница за дипломатот ја распишала Ерменија на 25-ти февруари 2020 година, во период кога тој бил претседател на Владата. – Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла […]

Царовска: Бојкотот нема да користи никому


Ниту едно училипте не е затоврено заради бојкот на наставата поради новата програма која од говнава почна да се спроведува во прво и четврто одделени.  – Наставниците се задоволни од новата програма за прво и четврто одделение и се подготвени да ја спроведат. Затоа апелирам до родителите, но и до одредени политички партии да ги […]

Спасовски очекува успешен попис


 Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски очекува дека пописот успешно ќе се спроведе, граѓаните ќе покажат одговорност и ќе се добијат детални податоци кои ќе се користат за развој на државата. Oд Куманово каде што го посети реконструираниот објект на СВР Куманово, Спасовски рече дека претставници од МВР работат заедно со Државниот завод за статистика […]

Заев: Пописот стартуваше исклучително успешно


 Исклучително успешно стартуваше пописот во земјавс. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека беше недела и дека е прв ден за попис, оцени денеска премирот Зоран Заев. -Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20 години со апелот на сите политички […]

Вечерва ќе биде затворен за сообраќај дел од бул. „Крсте Мисирков“


Градот Скопје јавува дека вечер, од 22 часот до 5 часот наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот „Крсте Мисирков“, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна).  Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот […]

На клиники има `зелени зони` за вообичаени прегледи


Останатите прегледи кај специјалист за пациенти кои не се заболени од Ковид-19, течат непрекинато, а за таа цел направени се и „зелени зони“ каде се движат лекарите за вообичаените прегледи. – Никој не останал без лекарска грижа. За превентивата која што се одвива кај матичните лекари не е ништо променето, меѓутоа кај специјалистите и специјалистичките […]

Омбудсманот отвори телефонска линија за пријава на повреда на правата на граѓаните за време на пописот и локалните избори


Граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата за време на пописот и за Локалните избори 2021 година, од денеска ќе можат да пријават во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатна телефонска линија  0800 54321. -По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, […]