Царовска: Сместувањето во ученичките и студентските се одвива во најдобар ред согласно протоколите


Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска одржа средба со директорите на ученичките и студентските домови. Од Министерството информираат дека сместувањето во ученичките и студентските домови тече во најдобар ред согласно планот и протоколите за сместување во овие установи. – Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија […]

МОН: Родителите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на децата на училиште


Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк. Неделните извештаи содржат […]

Општина Аеродром домаќин на Меѓународниот кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“


На иницијатива на Општина Аеродром, претстојниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи Меморијален кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“. На турнирот кој се игра во чест на човекот кој целиот свој живот го посвети на кошарката и работа со млади категории, ќе настапат осум екипи составени од кошаркари до 16 години. Покрај македонските […]

Заев: Никој нема да биде оставен без учебници


Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници. Никој нема да биде оставен без учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека […]

Реконструкција на патот до Бојане


Увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во Општината Сарај, што е во тек, денеска извршија градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. – Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната Општина Желино и долги […]

Последни подготовки за прославата на 30 години независност


До зградата на Собранието во Скопје, денеска е поставена бина на која утре ќе се одржи централната прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Годинава прославуваме 30 години од независноста на Македонија, а по тој повод се одржуваат повеќе настани. Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од нашиот композитор Живоин Глишиќ и […]

Трет човек почина во Јапонија откако прими контамирана вакцина на „Модерна“


Третиот човек почина во Јапонија по инјекцијата од една од трите серии на вакцини „Модерна“, откако се идентификувани како контаминирани, иако властите велат дека сѐ уште не е пронајдена причинска врска. 49-годишниот маж ја имаше својата втора доза на 11 август и почина следниот ден. Неговото единствено познато здравствено прашање беше алергија на леќа, соопшти […]

Симовски: Се работи на пронаоѓање багови на системот за пописот


Денеска од сабајле системот за попишување не работел, затоа што се работело на отстранување на багови, информира директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој беше во посета на Средното техничко училиште во Куманово. Според него, вакви проблеми се очекувани кога се работи за технологија и тоа таква што прв пат се употребува кај […]

Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на  настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“. Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера. – Следејќи ги промените во начинот на кој […]

„Песталоци“ ќе добие нов покрив


Утринава, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша договорот за санација на покривот на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој градежен зафат ќе се решат проблемите со покривот на училиштето, кој не е реконструиран повеќе од 10 години. Реконструкцијата ќе опфати вкупна површина од 2389 метри квадратни, ќе биде енергетски ефикасен, засилен […]

МЗ: Формирани се две нови комисии за туѓа нега


Министерството за здравство сооопшти дека за прв пат формирани се две нови комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот. Покрај постоечките комисии, во државата новоформираните ќе одговорат […]

Уреден уште еден маалски парк во Карпош


Засадени се 72 нови украсни растенија во маалскиот парк во урбаната заедница „Владо Тасевски“ спроти хотел „Карпош“. Имено, локалната самоуправа на општината го комплетира изгледот на овој јавен простор кој се уредуваше во текот на летниот период. Претходно беше засадена нова тревна површина на 2.000 м2, а поставен е и систем за наводнување со цел […]

Седница на Влада – ќе се разговара за просветната инспекција


Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена […]

Изменет режим на сообраќај во Скопје


Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќааен режим. – Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов”  до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а […]

Сончево со мала облачност, температурата до 28 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 19 до 28 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне […]

Брисел очекува сите да учествуваат конструктивно во пописот


Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ. Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија. -Ова е важна вежба. Точни податоци за […]

Шилегов: Изградивме четири булевари и над 100 километри велосипедски патеки


Ние сега треба да разговараме за програмите и понудите кои што ги имаме, или за реализација, за политиките што планираме да ги спроведеме за град Скопје и за Скопјани, истакна кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ Петре Шилегов, во емисијата „Жешко лето“ на Канал 5 телевизија.   ВМРО-ДПМНЕ се уште не излегува пред скопјани […]

Повторно висок број починати – 32, а заболени 199


Во последните 24 часа намален е бројот на новозаболени – има 199 случаи на Ковид-19, од направени 2.558 тестирања. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 7,7 отсто. Но починале 32 лица, а оздравени се 556 пациенти, информира Министерството за здравство. Од новите случаи, во Скопје се 157, во Куманово и Кавадарци има по […]