УХМР: Утре магла по котлините


Фото: Б. Грданоски

Утре во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во западните делови услови за слаб дожд, информираат од УХМР.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се намалат.