Шекеринска и Брнз ќе се обратат пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, армиската НАТО единица, со американски инструктори од 4-тата Бригада за поддршка на безбедносните сили во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Свое обраќање, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе има и амбасадорката […]

Во земјава активни над 8 илјади случаи на Ковид-19


Уште е троцифрен бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата, откако вчера беа регистрирани нови 454 заразени. Со ова, во моментов, активни се над 8 илјади случаи. Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19.   Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 […]

Регистрирани нови 454 случаи на коронавирус, 14 починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Охрид – 12, […]

СДСМ обвинува дека веднаш почнало бркање од работа од општините


СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека едно зборува а друго прави наведувајќи примери дека уште во првите денови на мандатот новите градоначалници почнале да бркаат од работа луѓе кои се неистомисленици.   „Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се […]

Од вторник локален дожд и намалување на температурите


Времето во наредните денови ќе биде умерено до значително облачно. Во вторник ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, особено од среда. Кон крајот на неделата ќе биде поведро, па ќе се намали и утринската температура. Како што информира УХМР, минималните температури […]

Лекарска комора: Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести


„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската […]

Масовна акција за чистење, собрани над 100 вреќи со отпадоци од пластика и алуминиум


Повеќе од 130 љубители на природата од селата Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, Кучевиште, Побожје, како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење. Собраа над 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум, а општинското комунално претпријатие потоа, со вонредна акција го собра отпадот. Иницијаторот на акцијата , Мери […]

Слободното известување често завршува со напади и заплашувања врз новинарите, институциите троми во казнувањето на сторителите


Во 2020 година Здружението на новинари на Македонија регистрираше два физички напада и 12 различни форми на вербални закани по живот и други заплашувања, со што бројот на сериозни напади во земјава е 14, а е речиси три пати поголем од 2019 година. Согласно информациите на УНЕСКО, само во 2020 година во светот 62 новинари […]

Досега 205.623 КОВИД-дијагностицирани, во регионот најавени нови рестрикции


Вкупно 7.217 активни случаи на КОВИД-19 има во државата, откако вчера беа регистрирани 601 нов случај на заболени. Поради зголемениот број новозаразени, во некои од државите во регионот веќе се најавени одредени рестрикции, а во Србија е пристигнат делта плус сојот, за кој се вели дека претставува многу позаразна форма на вирусот. Согласно последниот извештај […]

Сончево и топло, до 25 степени, од вторник пад на температурите


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и […]

Нов 601 случај на Ковид-19, оздравени 304, починале 13 лица


Во последните 24 часа се регистрирани 601 нов случај на КОВИД-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.   Од новите случаи, во Скопје се 217, Битола 68, Велес 34, Кавадарци и Куманово по 31, Прилеп и Штип по 28 […]

И утре топло, температурите до 25 степени


Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна […]

Ексклузивно откритие во прилепскиот архив – пронајдена географска карта од 19 век на која е исцртана „Виа Игнација“


Прилепскиот архив пронајде ретка и интересна мапа на која, се смета, првпат во јавноста е откриено исцртување на познатиот римски стопанско-трговски пат „Виа Игнација“ што поминува низ Македонија. Според директорката на прилепскиот архив, Елена Чагороска, станува збор за многу значајна историска карта која има обележја од многу важни историски места и знаменитости. Мапата е османлиски […]

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Заев


 Во Собранието сè уште не е доставена оставката на премиерот Зоран Заев, потврдија собраниските служби. Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на 31 октомври поднесе оставка од двете функции по завршувањето на вториот круг од Локалните избори. – Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев и додаде дека […]

Во понеделник без струја дел од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба


Без струја во понеделник (8 ноември) ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН. Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците ул. „Баница“ бр. […]

Нови униформи за униформираната полиција и други единици на МВР


Припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи добија нови униформи, кои денеска беа промовирани во кругот на МВР. Поточно, како што соопштија од МВР, набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8.550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на следната година. Исто така, и […]

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар


Поради санирање на дефект на ул.„Самоилова“ бб во населба Центар, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Самоилова“, „Банатска“ и „Јоаким Крчовски“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, ќе биде прекинато од 1 часот до завршување со активностите. 

Градоначалникот на Кисела Вода на средба со претставник од Групацијата ТАВ


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на средбата со тимот од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН разговарал за степенот на реализација на проектот финансиран од Групацијата ТАВ, за кој на оваа Општина и беа одобрени средства во висина од 13.784.000 денари. Ѓорѓиевски, како што соопшти општинската прес-служба, и се заблагодарил на оваа турска групација, преку чија инвестиција жителите […]

Лекарите повикуваат: Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести


 „Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската […]

На што (да) се грееме – дрвата најзастапени, гасот е поволна опција, но го има во само два града


Неблагодарно е годинава да се укажува кој вид греење ќе биде најисплатлив за граѓаните во текот на зимскиот период, велат познавачите. Според нив, причина за тоа е енергетската криза во Европа, а со тоа и во земјава и континуираното поскапување на цената на енергенсите на светските пазари, особено на електричната енергија, нафтените деривати и природниот […]