Камчев излегува од притвор, одлучи Апелација


Орце Камчев од неодамна е на црната листа на САД

Бизнисменот Јордан Камчев излегува од затворот каде помина скоро една година. Апелација прифати тој да се брани во случајот „Плацови на Водно“ од слобода. Но, нему му се одредени други мерки на претпазливост. Судиите бараат од бизнисменот да се пријавува повремено во суд. Прифатена му е гаранцијата од скоро 11 милиони евра која ја понудил.

На 31 декември, поради влошена здравствена состојба, Камчев беше пренесен на лекување во „Систина“. Тој се пожалил на здравствени проблеми. Таму му беа правени неколку дневни испитувања. Неговото лекување во „Систина“, каде има своја функција, доаѓа откако претходно десетици пати беше одбивано, односно беше препраќан на државните клиники.

Камчев беше во притвор поради случајот „Плацови на Водно“.