Наплатниот пункт на ЈП „Водовод и канализација“ со скратено работно време


Фото: Б. Грданоски

Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот, а наплатниот пункт во Сарај нема да работи, информираат од претпријатието.

– ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте нѐ на 02/3073 010, [email protected], Фејсбук или Инстаграм, се вели во соопштението.