Бројките незапирливо растат – нови 1.725 заразени од 7.472 тестирани, две лица починаа од Ковид-19


Во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство: • Скопје – 1.028 • Битола – 148 • Прилеп – 112 • Охрид – 61 • Куманово – 52 • Кавадарци – 43 • Гевгелија – 32 • Штип – 31 • Струмица – […]

Во Врање во 2021 година вакцинирани вкупно 26.689 македонски државјани


Во Врање заклучно со 5 јануари, годинава, се дадени точно 116.548 дози од сите вакцини против коронавирусот, соопштиja од Здравствениот дом во Врање, јави дописникот на МИА од Белград. На граѓаните на Врање и Србија им биле дадени 89.830 дози, на граѓаните на Северна Македонија 26.689 и на граѓаните на БиХ 29 дози. Од сите […]

ЈСП воведува дневен билет, ќе чини 120 денари за цел ден возење


ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави СДК.мк. „Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат […]

„Црвен тепих на хуманоста”- бадникарите добија подароци во Прилеп


Во организација на невладината „Бадникови поворки“, денеска во Прилеп се одржа хуманитарната акција „Црвен тепих на хуманоста”. Децата од хорот при храмот „Св. Кирил и Методиј“,симболично ја носеа пештерката од параклисот на Свети Никола во центарот на градот, па до до камената бина, на плоштадот Александрија каде хорот пееше божикни песни. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божикни подароци. Отец Веле Спиркоски од храмот „Свети Кирил и […]

Пендаровски: Големиот празник да ни даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија


Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во честитката  по повод големиот христијански празник Христовото […]

Уметноста ќе ја победи пандемијата, порачаа Дац, Митевски и Цветин


Желби за здравје, љубов, насмевки, мир во домот и во семејствата, слога и почитување, упатија од денешната традиционална бадникова прослава поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, новите кумови  Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, здравичарот Живко Поповски – Цветин, како и минатогодишниот кум д-р Никола Пановски и минатогодишниот здравичар д-р  Миодраг Врчаковски. -Убав е денов, […]

Апели за мир, љубов и добра волја меѓу луѓето од бадниковата прослава


Што е попотребно од мирот на земјата и од мирот во секој човек, од мирот во семејството, мирот меѓу народите и државите. Што повеќе им доликува на луѓето од тоа да живеат во мир и да покажуваат добра волја, рече поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан во обраќањето по повод бадникарската церемонија во Соборниот храм. По […]

Прослава на Бадник во Соборниот храм во Скопје (видео)


Почна традиционалната прослава на Бадник пред Соборниот храм во Скопје. Пристигнаа кумовите Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, како и здравичарот Живко Поповски – Цветин. Пред Соборниот храм, претходно, со пајтон пристигнаа и стариот кум д-р Никола Пановски, како и минатогодишниот здравичар д-р  Миодраг Врчаковски. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужителите на новите […]

Заев: Бадник да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција


Премиерот во оставка Зоран Заев го честита Бадник и посакува празникот предвесник на Христовото раѓање, кој традиционално се празнува во семејствата,  да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.   -Семејните вредности, топлината и почитта нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои […]

Лепче со паричка на Василица, а не на Бадник


Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, […]

Бадник – предвестие за Божиќ


Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.   Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот […]

Божиќна порака на г.г. Стефан: Сите неприлики на современото човештво доаѓаат од моралната криза


Православните верници утре (7 јануари) ќе го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божиќна порака. – Радосниот празник на Христовото рождество е спасоносниот ден во кој […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 јануари 2022 година, 6-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 359 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Магла на повеќе патни правци, одрон на патот Свети Николе – Миладиновци


На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава […]

Пред Соборниот храм во Скопје 30-та традиционална прослава на Бадник


Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 30-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2022 со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови […]

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, […]

Сончево со мала облачност, од утре дожд и постудено


Претпладне ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде […]

МЗ: Омикрон детектиран кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флуронa


Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, како што се посочува, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци. Оваа варијанта […]

Советникот Чулакоски вели дека само 10 минути „славел“ на балконот на Офицерски во Битола


  БИТОЛА – Советникот од независната листа „Поинаку“, Иван Чулакоски, вели дека само 10 минути спроти Нова година се задржал на балконот на Офицерски дом во Битола и „свечениот“ момент го овековечил со фотографија. Неговото појавување на балконот предизвика бура од реакции во Битола, во кои се велеше дека некои луѓе од општинските структури имаат […]

Денеска 1.375 нови случаи, вкупно четворица починати


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, […]