Цените на основните прехранбени производи ќе бидат замрзнати до крајот на февруари, најави Бектеши


Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.     Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, […]

Камчев дошол на судење заразен со корона вирусот


  Позитивен на коронавирусот бизнисменот Орце Камчев присуствуваше на  судењето за  „Плацeви на Водно“ во кој е обвинет, потврди неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето. -Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен со симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и […]

Студентите иницираат помасовна вакцинација, секој ден отворен пунктот на УКИМ


Министерот за здравство Беким Сали денеска се вакцинираше со трета доза вакцина на „Фајзер“ против коронавирус на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет. Тој упати порака дека вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението. – Денеска ја примив […]

Сали: Второто полугодие почнува со физичко присуство, ќе се прави случаен скрининг на учениците


 Второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, како што денеска изјави министерот за здравство Беким Сали, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците. Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки. – Според […]

ДКСК: Неопходно да се направи антикорупциска проверка на Законот за води


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неопходно да се направи антикорупциска проверка на два члена од Законот за води, со цел да се оценат корупциски ризици кои може да настанат од ефектот на загуба на вода. Предлогот произлегува од разгледувањето на пријава на денешната 60-та седница на ДКСК, за која Антикорупциска […]

Сали: Не значи дека секој позитивен на Ковид починал токму од вирусот


Бројот на починати од Ковид во Македонија се чини висок, затоа што според методологијата бележење на починатите со Ковид-19, кај нас секој кој починал, а бил позитивен на Ковид-19, се регистрира како починат со Ковид. Но, тоа не значи дека смртта била последица од Ковид, рече министерот за здравство Беким Сали, кој денеска се вакцинираше […]

(Видео) Министерот за здравство Беким Сали се вакцинираше со трета доза


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.   Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.  

Македонија се спасува од пластичните ќеси


  Еден месец по воведувањето на обврската за прекин на употребата на пластични ќеси во маркетите, нивната употреба се намалила за 10 пати, а од продажбата по зголемена цена од 15 денари, собрани се околу 250.000 евра. Отпорот на граѓаните кон оваа мерка се покажа слаб. Остана на коментирање и изразување незадоволство по социјалните мрежи, […]

Од вторник нов влажен бран со врежи од дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето кое ќе трае до вторник за кога се очекува нов влажен бран со дожд и снег. -Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен […]

На ТОАРИЛУЦ во Скопје изведена трансплантација на лигамент од починат донор


На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ во Скопје вчера првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад 34-годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор. Операцијата ја изведе ортопедскиот хирург д-р Алан Андоновски заедно со неговиот тим од клиниката. Д-р Андоновски посочи дека се работи […]

Да се преиспита одлуката второто полугодие да започне со физичко присуство од 1 февруари


Да се преиспита одлуката второто полугодие да започне со физичко присуство на први февруари, е взаемен став на докторите Злате Мехмедовиќ и Никола Пановски, училишниот психолог Ана Попризова и Драги Змијанац од Меѓаши.   – Сѐ уште има време Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие. Една од опциите е да почне […]

Општина Центар заедно со граѓаните во заштита на зелениот појас на Водно


Вчера вечер се одржа повторна средба со граѓаните од Водно, односно со жителите од улиците „Питу Гули“, „Козара“, „Салвадор Аљенде“ и околните улици со градската администрација на Општина Центар. На средбата се разговараше за решавање на проблемите со новите градби на Водно и заштитата на парк шумата, при што градоначалникот им понуди општинска поддршка на […]

СОНК бара второто полугодие да почне онлајн, болниците ги прошируваат капацитетите за КОВИД пациенти


Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука. Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на […]

Сончево и малку потопло, со слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 јануари 2022 година, 28-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 337 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 42 минути. Денов трае 9 часа и 51 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Од 165 иницијативи на антикорупционерите само три завршиле на суд


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 20 години до Јавното обвинителството има доставено 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три завршиле на суд. „Тоа е многу мала бројка“, оценува првата антикорупционерка, Билјана Ивановска. Таа укажува дека треба да се зајакнат капацитетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследат до судовите. […]

Регистрирани нови 1.861 случај на коронавирус, 27 починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени  5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на Ковид-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, […]

Синдикатот на образование бара две недели онлајн настава, МОН не дозволува


Првите две недели учениците да следат онлајн настава, а ако се намалат големите бројки од ковид позитивни на дневно ниво, да се вратат во училиштата, бараат од Синдикатот за образование за почетокот на второто полугодие, откако Владата одлучи да почне со физичко присуство од први февруари. Претседателот на СОНК Јаким Неделков за „Канал 5“ вели […]

Нуредини: Наскоро Фонд за животна средина и подобра контрола на загадувачите


Министерството за животна средина и просторно планирање ќе побара да се формира посебен Фонд за животна средина во кој ќе се слеваат парите од еколошките такси што ги плаќаат фирмите од приватниот сектор и од биоразградливите кеси за носење стоки што ги плаќаат граѓаните. -Ја поддржуваме идејата за формирање на Фонд за животна средина и […]

Истражување: 70 отсто од средношколците се сведоци на насилно однесување во училиштата


Дури 62,7 отсто од учениците сметаат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото и сајбер насилството. Седумдесет отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото […]