По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка“


По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал. Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател […]

Се санираат дупките на неколку булевари во Скопје


Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта  пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (нас. Пинтија кон нас. Драчево). Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици […]

ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи „негативно мислење“


 Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета […]

Зголемен број на „диви даватели“ на поштенски услуги за интернет нарачки, лани шест прекшочни постапки


Кај нас сивата трговија, во последните години особено, си пронајде свои канали за продажба и за достава, па оттука и зголемениот број на т.н. „диви даватели“ или физички и правни лица кои вршат достава на интернет нарачките, купени најчесто од фејсбук и инстаграм профили, вели во интервју за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана […]

Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените во економијата може да се зголеми растот за 30%


Поголемата вклученост на жените носи бројни придобивки за целото општество, односно тоа може да придонесе за поголем економски раст од околу 10%, во просек, во развиените економии, а во помалку развиените економии дури и повеќе, до 30%, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју во рамките на проектот на Институтот за лидерство и […]

АХВ се оградува од постапката на инспекторот од ПЕ во Берово, домаќинот вели: Ми го нарушивте угледот


Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера била објавена во медиумите и на социјалните мрежи. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, посочуваат од Агенцијата, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан […]

Повозрасните сакаат физичка достава на сметки, да се „реосвои“ пазарот за писмоносни услуги


Обемот на услуги на писма бележи пад како резултат на нивната замена со електронски фактури, но од Агенцијата за пошти очекуваат особени заложби од поштенските оператори за повторно „освојување“ на ова поле, насочени кон враќање на физичка достава на сметките за граѓаните и малите бизниси. Директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓоревска во интервју […]

ЗОИ: Историско прво злато за Нов Зеланд


Нов Зеланд за прв пат во историјата на Зимските олимписки игри освои златен медал. Сноубордерката Зои Садовски на свопјата земја и донесе најсјајно одличје победувајќи со 92,88 поени. За 20-годишната Садовски ова е втор олимписки медал во кариерата. Таа во 2018 година во Пјонгчанг освои бронзен медал. Денешниот успех на Нов Зеланд го комплетира Тес […]

Шести февруари 1945 година првиот учебен ден на македонски јазик во битолската Гимназија


Шести февруари 1945 година е првиот учебен ден на македонски јазик што се одржал во битолската Гимназија, и тоа е првото средно училиште во тогаш ослободената Република каде почна да се одржува настава на македонски јазик. Ова е училиште од чиишто клупи излегоа мноштво борци и ги положија сопствените животи за слободата, а ние горди […]

УХМР: Јануари просечно студен со потпросечна количина врнежи


Јануари годинава се карактеризира како просечно студен и подпросечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава што ги врши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Колебањето на температурата изнесуваше 7,8 степени Целзиусови и се движеше од -2,6° степени во Маврово до 5,2 степени во Гевгелија. Споредено […]

Нов мобилен мамограф за Здравствениот дом Неготино, донација од Бугарија


Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска донираше мобилен мамограф на одделот за онкологија на Здравствениот дом во Неготино. Донацијата е во рамки на проектот „Јакнење на капацитетот за мамографски скрининг“, чија цел е намалување на смртноста од рак на дојка кај жените во Македонија преку зголемување на стапката на рано откривање. Средствата за […]

Инспектор од Берово игра околу живо јагне врзано на маса


Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на Фејсбук објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе. Според организацијата, меѓу мажите на видеото е и инспектор за заштита на благосостојбата на животните, кој го прави спротивното од она што му е работа. -Со заврзани нозе, […]

Нови 1.500 заразени со Ковид-19 и 16 починати


– Во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: […]

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ


МВР ги демантираше, како што нагласија,  дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека  во јануари доделиле тендер од половина милион евра за сончеви колектори за топла вода на фирмата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ од Скопје, во конкуренција со уште една  фирма којашто според протфолиото има 20 години стаж и успех специјализирана за климатизација, соларна енергија и водовод. […]

Истрагата за несреќата во Бугарија е завршена, виновен бил возачот


  Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на Северна Македонија е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба Младен Петров. Заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен. […]

Село Герман отсечено четврти ден, се пробиваат последните осум километри од патот


Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри. Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Најстудено изутрина е во Берово, каде се измерени – 11 степени, по што следат Битола со -9,  како и Берово и Скопје-Петровец – 7. Минус шест степени се регистрирани во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица,  -5 во Тетово, Штип, Гевгелија и Куманово, -4 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Дебар, -3 во Охрид и […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 5 февруари 2022 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 329 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути. Денов трае 10 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Најмногу починати во 24 часа во новиот бран на заразата


Со новите 1493 инфицирани, бројот на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава достигна 275 637. Во вчерашната статистика беа евидентирани 31 починат пациент, највисок број во новиот бран на заразата. Дополнително беа пријавени уште осум починати преку „Мој термин“ за периодот од 26 до 31 јануари. Министерството за здравство соопшти дека сите 39 починати […]

Сончево со умерена облачност, температурите до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови. Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер […]