Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги […]

Владата ги укинa ковид-мерките


Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој […]

Тупанчески: Драстично ќе се намалат казните за клевета и навреда за новинарите


Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството, порача министерот за правда Никола Тупанчески по повод Светскиот ден на слобода на медиуми. Тупанчевски во соопштението до медиумите истакнува дека на граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации, […]

Падобранска опрема паднала врз куќа во Неготино 


Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и […]

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“


 Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби. – Од […]

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети


Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу […]

Светски ден на слобода на медиумите: Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода во работењето на новинарите


Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е важен потсетник за медиумската одговорност за транспарентни и одговорни институции и за почитување на слободите на медиумите со цел да се креира амбиент во кој тие ќе ја вршат својата работа согласно професионалните принципи на новинарството, ослободени од политички и економски притисоци, изјави претседателот Стево Пендаровски, на […]

Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од […]

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“


Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе […]

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија


Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 22 литри на метар квадратен, наврнало во Тетово и Пожаране, а најмалку, четири литри во Гевгелија. Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Попова Шапка, нула степени, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени. Минималните температури до 8:30 часот изнесувале два степени во Лазарополе, три […]

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во […]

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути


На граничниот премин Богородица, за влез во државата, има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензит на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена […]

Македонија скокна за 33 места на Индексот на медиумска слобода


Во најновиот Светски индекс на слободата на медиумите во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57. место, во групата на проблематични земји.  Ова е подобрување за 33 места во однос на 2021 година кога Македонија беше на 90 место. Инаку, во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), […]

Променливо облачно и посвежо, со краткотрајни врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со краткотрајни повремени врнежи од дожд и со нестабилност. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 18 степени. Од утре, како што информира УХМР, дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови […]

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“


Научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ денеска ќе биде отворен во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје. На шесте работни сесии, што ќе се реализираат денеска и утре во Музејот на македонската борба и во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ свои реферати ќе презентираат 46 […]

Светски ден на слободата на медиумите – „Престанете да ги шпионирате новинарите“


„Престанете да ги шпионирате новинарите“ е мотото под кое денеска се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 Мај. Светскиот ден на слободата на медиумите ќе се одбележува на различен начин – во Франција е најавена специјална церемонија за новинарите „кои загинаа заради информација“ и на неа ќе присуствува генералниот секретар на Меѓународната федерација […]

За три дена нови 210 случаи со ковид, нема починати


Во последните три дена, од 30 април до 2 мај 2022, регистрирани се 210 нови случани со Ковид-19 од направени се 4.620 тестови. Има 140 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица. Како што информира Министерството за здравство, од 210 нови случаи на Ковид-19, најмногу се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, […]

Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава


Колони возила чекаат на грчко-македонскиот граничен премин за влез во земјава. Граѓаните кои продолжениот празничен викенд го поминаа во Грција се жалат дека со часови чекаат на преминот од грчката страна, додека според последниот извештај на АМСМ, на граничниот премин Богородица, за влез во Македонија, има чекање од околу 30 минути. На останатите гранични премини, […]

Утре посвежо, од среда потопло и нестабилно со пороен дожд


УХМР најавува дека времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд краткотрајно и со нестабилност. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури утре ќе бидат 18 степени, […]

Јубилеј – шест децении македонистика на Универзитетот во Љубљана


Годинава се навршуваат и одбележуваат 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето на македонистиката на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК) во Скопје. Овој јубилеј, според МСМЈЛК, е исклучително значаен за македонскиот јазик, литература и култура, ако се […]