Дефиле за 77 години постоење на Црвен крст на град Скопје 


Дефиле на хуманоста, со мото „За Скопје со љубов“, ќе организира денеска попладне Црвен крст на град Скопје,  со што ќе одбележи 77 години од основањето. Дефилето ќе помине по улиците „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ до плоштадот „Македонија“, каде што ќе има штандови и касичка за донации за Клиниката за хирургија – Ургентно одделение […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со мала до […]

Пожарот во Тетово локализиран и под контрола


И во вечерните часови пожарникарите работат на целосно ликвидирање на пожарот во Тетово, кој во текот на денот беше ставен под контрола и локализиран. Огнот започна во големата управна зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“ и зафати два соседни објекта каде приватна фирма сега произведува и складира градежни материјали. Пожарот беше ставен под контрола и […]

РКЕ ќе спречи малверзациите на општините со струјата да паднат на товар на граѓаните, вели Бислимоски


Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули годинава ќе направиме се за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. […]

Викендов 151 новозаболен од КОВИД-19, тројца починати и 194 оздравени


Во последните три дена од направени 2.335 тестови регистрирани се 151 нов случај на КОВИД-19, од кои 29 се реинфекции, едно починато лице и 194 оздравени пациенти, а дополнително преку Мој Термин се пријавени уште две починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените 109 се од Скопје, […]

Ковачевски: Владата ги стави на располагање сите институции за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово


Разговарав телефонски со градоначалникот на Тетово Билал Касами и го информирав дека Владата ги стави на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во Тетово, напиша попладнево премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил. Додава дека остануваат во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни […]

Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025


Учеството на Северна Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува извонредна можност за воспоставување директни контакти меѓу бизнис заедниците и за привлекување јапонски инвестиции во нашата земја, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Кенџи Вакамија, министер за ОСАКА ЕКСПО 2025, што се одржа во рамки на работната посета на Јапонија. На […]

Државна матура ќе полагаат 15.899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни


 Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта. Првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се […]

Хеликоптерот на МВР „Бел 212“ активно работи на гасење на пожарот во Тетово


 Хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици, „Бел 212“, за кој МВР набави најсовремена опрема со која се оспособи за гаснење на пожар, веќе активно работи на гасење на пожарот кој утрово настана во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, а на лице место од моментот на пријавување на пожарот, покрај надлежните полициски екипи, […]

Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп


Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп. Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за […]

Алиу ги повика младите во Прилеп и Битола да одберат средно стручно образование


Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните […]

Прекината наставата во училиштата во Тетово поради загадениот воздух од пожарот


Општина Тетово во соработка со Секторот за образование одлучи денеска и утре да го прекине образовниот процес поради настанатата состојба по пожарот што денеска избувна во магацин во градот.   – Надлежните органи оценија дека квалитетот на воздухот во Тетово е доста влошен и за да го зачуваме здравјето на учениците ја донесовме оваа одлука […]

УХМР: Претежно топло со изолирана нестабилност попладне


Период на претежно стабилно и топло време со појава на изолирана нестабилност во попладневните часови, прогнозира Управата за хидтрометеоролошки работи. УХМР за денеска и за утре попладне најавува  услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен […]

(Видео) Во пожарот во Тетово ќе учествува хеликотер на МВР, а се носи и пена за гасење од ТАВ


Пожарот во фабриката во Тетово ќе се гасне со помош на хеликоптер од МВР, но се чека и пена за гаснење од ТАВ, а побарана е и од „макпетрол“, а таа е посоодветна во гасењето на вакви типови пожари од гасење со вода.  Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги замоли и новинарските екипи и другите […]

Аеродром од Љубљана учи како да стане општина со нула отпад


  Претставници од Општина Аеродром остварија неколкудневна студиска посета на Љубљана во рамките на проектот „Чист Аеродром – Нула отпад во Општина Аеродром“, кој е ко-финансиран од Европската Унија, а Општината го спроведува во партнерство со Гоу Грин и Омниум. Работните средби се одржаа во Регионалниот центар за управување со отпад RCERO Ljubljana (Regional Center […]

Две лица од Скопје осомничени за изнуда, обвинителство бара притвор


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“ од член 258 став 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО-Скопје. Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, според […]

Шаќири: МОН ќе инвестира во четири гостиварски училишта околу 40 милиони денари


Во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, министерот за образование и наука Јетон Шаќири оствари посета на неколку образовни институции во Гостивар. Министерот беше гостин на Средното медицинско училиште во Гостивар, каде одблизу ги виде презентациите на учениците и наставниот кадар, а во ОУ „Гоце […]

Голем пожар во Тетово – гори поранешниот Монопол


Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, јавуваат повеќе медиуми. Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен. Пожарот утрово изби во магацин за градежен матeријал […]

Прекин на водоснабдувањето на улица „Елисие Поповски – Марко“


Поради уличен дефект ф 100 милиметри на улица „Елисие Поповски – Марко“ кај крстосницата со „Ѓорѓи Абаџиев“, денеска прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од овие две улици во Центар. Како што информираа од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 08:50 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Серија земјотреси ноќеска во Тетовско


Три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар. Земјотресите се со ниска магнитуда и ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради. Граѓаните велат дека е вообичаено после невреме да се тресе тлото. […]