Силно невреме вечерва го зафати Кавадарци, поплавени подруми, вода навлезе и во општинската зграда


Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вечерва го зафати Кавадарци, јави Општината на нејзиниот фејсбук профил.

Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината, се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и „Мој општинар“ се на терен.

За половина час наврнале 40 литри на метар квадратен . На улица „Беласица“ се отстранува паднато дрво од силниот ветер, а се расчистуваат и наноси од кал. Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на општина Кавадарци…

Од општина Кавадарци ги известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем да се јават во кол-центарот на Општината на бројот 13 300.